ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Јавен повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби во Општина Центар

February 3, 2023 11:21
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар распиша јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година.

Како што информираат од Општина Центар, повторниот јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот циклус, а зголемен број на учесници со посебни образовни потреби кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата.

Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 4 (четири) месеци, почнувајќи од 15 февруари 2023 година до крајот на учебната 2022/2023 година.

Од Општина Центар информираат дека работните позиции препишани во овој јавен повик се однесуваат на ангажирање на лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености со преднос на кандидатите кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Исто така, кандидатите треба да имаат завршено образование од областа од одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа, да имаат претходно искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проект и да поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција.

Општина Центар напоменува дека заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот.

Барањата за учество во Проектот „Образование за сите“ можат да се поднесат во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака 6, а на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16446 може да се прочита за потребните документи.

Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена од денот на објавување на истиот.

Tags: лични асистентиОпштина Центарученици со посебни
Next Post

Бектеши: Ѝ се извинувам на новинарката Капоска доколку без намера ја навредив

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk