ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Бектеши: Ѝ се извинувам на новинарката Капоска доколку без намера ја навредив

February 3, 2023 11:29
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ѝ се извини на новинарката од Канал 5 телевизија Катерина Капоска по реакциите во јавноста за неговиот одговор на прашањето што му го упати таа вчера на прес-конференција во Владата.

Во пишана изјава до медиумите Бектеши посочува дека при секојдневното соочување со новинарите, може да дојде и до недоразбирања.

„Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции. Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации. Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично ѝ се извинувам доколку без намера ја навредив“, стои во изјавата на министерот Бектеши.

Во однос на Телевизија Телма, пишува Бектеши, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните.

„Во спротивно, горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата“, вели Бектеши.

Капкоска вчера го праша Бектеши дали не беше избрзана одлуката на ЕСМ за склучување месечен договор за набавка на гас по фиксна цена од 98 евра кога на берзата цената е многу пониска, но и со оглед дека „Макпетрол“ вчера објавил дека цената на гасот за февруари е 40 отсто пониска од онаа за јануари, а Бектеши најпрво и одговори дека веројатно има добра соработка со колегите.

„Добра соработка веројатно имате со колегите, ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават, но нема проблем, тука сум и секогаш отворен транспарентно да одговорам“, рече Бектеши.

На тоа реагираше новинарот од Телма кој присуствуваше на прес-конференцијата, на што Бектеши посочи дека „не е место тука да се даваат коментари, туку да се поставуваат прашања“.

„Не сте тука повикани да давате коментари, туку да поставувате прашања. Ако мисите дека во прес-центарот може да давате коментари, тоа може да го направите во вашите емисии, не е тука местото да се дебатира, туку да се поставуваат прашања, а наше е да одговориме и како сакаме да одговориме“, рече Бектеши, кој сепак потоа јавно се извини.

По прес-конференцијата уследија реакции и од Македонската медиумска асоцијација, Здружението на новинари и Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Tags: извинувањеКрешник Бектешимедиуми
Next Post

(ВИДЕО) Последици од гранатирањето на станбена зграда во Краматорск

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk