ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинителката за случајот „Еко Клуб“ е поставена од Мијалков и Јанкуловска

ГЈ: Знаеш кој? – Од Кичево оној, Вецко еден, така, помлад што е… (Вецко Здравески, сопруг на Јасмина Здравеска н.з.) СМ: Ние ја договоривме таа тогаш, така? ГЈ: Па, таа ја квалификувавме како наша. СМ: Епа, ај да не мењаме, тогаш ќе идеме со таа, па оваа ќе ја остаиме за следниот пат ГЈ: Наша е, да го видиш, ќе ти текне на човекот. СМ: Ако нé поддржава тој таму во Антикорупциска… ГЈ: Во Лустрациска… СМ: Во Лустрациска, ма да таму не знам што се поддржава… ГЈ: Абе, знаеш таму луда банда се, ама тие се тие за наши што ги рачунаме. Тој шо е најмлад, еден црн, така, со брада, на состаноци шо доаѓал, тој најмладиот, таа му е жена на него. СМ: Епа ајде тогаш да ја стаиме таа, а наредната да биде оваа Кожовска и готово. ГЈ: А, наредниот пат оваа не може и така, ок. СМ: Пошто Марко вика, ако му е сестра, он си ја знае, ќе си ја земеме кај нас.

February 6, 2020 10:57
in ПРАВДА, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Јасмина Костеска Здравеска е обвинителката задолжена за предистрагата за медицинскиот отпад на „Еко клуб“ за кој Град Скопје објави шокантни видеа и фотографии како доказ дека човечки органи и инфициран медицински материјал несоодветно се уништува и дека е оставен на кучиња скитници да го користат како храна. Дали тоа што обвинителката Здравеска е назначена во предметот е причина плус предистргата да не може да заврши за два месеца по поднесената пријава, пред се, затоа што прикажаните видео и фотоматеријали алармираат на скандал кој имал потенцијал да предизвика зарази кај вработените во „Еко клуб“, а некои кучиња можеби и се заразени со оглед на постојаниот пристап до крвта и органите, пренесува nova.tv.

Партиска послушност на сопругот ја „избира“ сопругата за обвинител 

Која е Здравеска и дали навистина таа може намерно да ја опструира истрагата? – Таа е сопруга на Вецко Здравески. Двајцата потекнуваат од Кичево. Сопругот беше член на Комисијата за лустрација и беше задолжен за досието на писателот Славко Јаневски, кого и го лустрираа.

Здравески потоа се пријави на конкурсот за член на Антикорупциска комисија, но таму не успеа да ги мине филтрите на независната комисија за избор на членови, за разлика од Комисијата за лустрација кога во ВМРО-ДПМНЕ се избираа кадрите. На тоа упатува и прислушуваниот телефонски разговор на Сашо Мијалков со Гордана Јанкуловска во кој прво се потврдува дека Вецко Здравески е партиски кадар, со учество на партиски состаноци, а клучното е дека поради неговата партиска послушност неговата сопруга, обвинителката Здравеска била избрана за јавна обвинителка во Основното обвинителство Скопје. Токму Мијалков и Јанкуловска договораат нејзин избор за обвинител.

СМ: Горде
ГЈ:  Еј, кажи.
СМ: Таа што сме ја договориле ние тогаш, таа е таа од Кичево? (мисли на обвинителката Јасмина Костеска Здравеска н.з.)
ГЈ: Ууу, ич не знам Сашо…
СМ: Маж и бил некој у Антикорупциска, некој што нé поддржувал?
ГЈ: Ааа, не у Антикорупциска, у Лустрациска да не беше?
СМ: Како?
ГЈ: У Лустрациска, не во Антикорупциска.
СМ: У Лустрациска?
ГЈ: Да.
СМ: Може да е.
ГЈ: Знаеш кој? – Од Кичево оној, Вецко еден, така, помлад што е… (Вецко Здравески, сопруг на Јасмина Здравеска н.з.)
СМ: Ние ја договоривме таа тогаш, така?
ГЈ: Па, таа ја квалификувавме како наша.
СМ: Епа, ај да не мењаме, тогаш ќе идеме со таа, па оваа ќе ја остаиме за следниот пат
ГЈ: Наша е, да го видиш, ќе ти текне на човекот.
СМ: Ако нé поддржава тој таму во Антикорупциска…
ГЈ: Во Лустрациска…
СМ: Во Лустрациска, ма да таму не знам што се поддржава…
ГЈ: Абе, знаеш таму луда банда се, ама тие се тие за наши што ги рачунаме. Тој шо е најмлад, еден црн, така, со брада, на состаноци шо доаѓал, тој најмладиот, таа му е жена на него.
СМ: Епа ајде тогаш да ја стаиме таа, а наредната да биде оваа Кожовска и готово.
ГЈ: А, наредниот пат оваа не може и така, ок.
СМ: Пошто Марко вика, ако му е сестра, он си ја знае, ќе си ја земеме кај нас.

ОБВИНИТЕЛКАТА ИМА ВИДЕО, ФОТО, СВЕДОЦИ И УЧЕСНИЦИ ВО УЖАСОТ

Дали поврзаноста на обвинителката со ВМРО ДПМНЕ преку сопругот е причина таа во јавноста да изнесува неточни податоци. Имено од основното обвинителство за медиумите постојано ја повторуваат истата изјава, дека случајот е пријавен на 13-ти декември и дека немало пропратен доказен материјал, но дали е така? Прво, обвинителката до сега морала да ги има видејата и фотографиите затоа што инспекторот Мирослав Богдановски кој на дело ги улови работниците на „Еко клуб“ како на погрешна машина третираа отпад и наместо да го уништат само го сецкаат, има писмена потврда дека минатата недела, или пет дена пред прес конференцијата, во плико доставил ЦД со снимените материјали. А покрај тоа обвинителката има и двајца сведоци. Што ли чека два месеца покрај сето ова?

Целиот текст тука.

Next Post

Прегазени две жени во Скопје и во Битола

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk