Министерството за одбрана на САД соопшти дека четири кинески „шпионски балони“ претходно биле регистрирани над САД и летале над локации од интерес за Кина, без да спомене дали летале и над американските воени бази.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа, на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека САД споделиле информации со десетици земји ширум светот за кинескиот „шпионски балон“ соборен во саботата над територијалните води на САД во Атлантикот, во близина на брегот на Јужна Каролина.
Според Блинкен, двајцата разговарале за системските тактички предизвици што Кина ги поставува на Северноатлантската алијанса.