Владината политика на зголемување на минималната плата, која од 9.000 денари месечно во 2016-та следните месеци ќе достигне над 20.500 денари, односно повеќе од двојно повеќе за 7 години.
Платите најверојатно ќе бидат подигнати од идниот месец, со што минималната плата ќе биде околу 20.500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година.
Со ова се очекува и зголемување на платите во целата државна администрација, линеарно за уште две илјади денари.
Министерството за финансии ги направило сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
– Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2.000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме се што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како Влада. Министерот Бесими рече дека сите проекции и калкулации се направени, тоа тој и го најави – истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.
Извор: Центар