„Јас во сите наврати досега кога зборувавме за овој европски пат сум голем оптимист. Тоа е стратешка, државотворна цел којашто мора да ја оствариме. Ние сме општество коешто многу долго беше во чекална и сега веќе ја имаме таа шанса, ги спроведуваме сите процеси што се неопходни и сметам дека сите пратеници треба да шанса на овој вистински процес. Ние немаме друга опција освен европската перспектива и мислам дека прогресивните сили, оние кои што ѝ мислат добро на државата треба да ја дадат поддршката за уставните измени“, вели во интервју за „Рацин“ Сања Лукаревска, Директорка на Управата за јавни приходи (УЈП).
Додава дека доколку тоа не се случи „ние повторно ќе се вратиме назад“.
„Јас не сакам ни да помислам дека нема да успее оваа приказна. Во неа треба да сме сите заедно, да ги надминеме сите пречки заедно и да бидеме ветер во грб еден на друг во рамките на политичкото функционирање“, посочува Лукаревска.