„Многу е важно сите институции да преземаме предвремени мерки за заштита на електронските податоци и системи затоа што најевтино е вложување во превенцијата. Се друго е многу потешко кога ќе ни се случи. Ова е нешто што претставува еден сериозен предизвик. Покрај миграцијата, тероризмот е еден од клучните предизвици, а хакерските напади се дел од тие напади, рече Спасовски во изјава за медиумите“, изјави денеска Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на хакерските напади во земјава.
Важно е, според него, „критичната инфраструктура да биде заштитена“.
Изминатиов период системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) беше нападнат со „ransomware“ софтвер.
Според информациите, хакерите бараат откуп за да ги вратат „киднапираните“ податоци од системот на ФЗОМ.