ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк

February 24, 2023 09:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес, на една година од руската инвазија врз Украина, ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право”.

Обраќањето доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН каде Османи упати силна осуда за воената агресија на Руската Федерација врз Украина и каде со 141 глас „за” се усвои Резолуцијата за праведен и траен мир во Украина.

Повод од навршувањето една година од инвазијата на Руската Федерација врз Украина е и неговото денешно обраќање пред Постојаниот совет во Виена, каде како Претседавач со ОБСЕ ќе се приклучи преку видео линк. Во своето обраќање, тој ќе се осврне на цивилните страдања во изминатите 12 месеци и ќе ја повика Руската Федерација да ги повлече своите воени сили од Украина и да се придржува на принципите и вредностите на ОБСЕ.

Воедно, во својство на Претседавач со ОБСЕ, тој и вчера преку видео обраќање се обрати во Виена на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ. Во својот говор тој уште еднаш потсети дека овој состанок доаѓа во многу тешки моменти за целата европска безбедносна архитектура, како и за самата Организација, повикувајќи ги земјите-учеснички да ја задржат вербата во ОБСЕ, да ја поттикнат политичката волја и да ѝ овозможат на Организацијата да го продолжи својот уникатен мандат.

Во текот на денот Османи исто така во Њујорк оствари средба и со Потсекретарката на ООН за политички и мировни прашања, Розмари А. Ди Карло, како и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Естонија и Унгарија.

На средбата со Ди Карло Османи уште еднаш ја повтори пораката дека дипломатијата е единствено решение за вознемирувачките случувања на теренот, но разговараа и за зајакнување на улогата на Обединетите нации во справувањето со глобалните предизвици.

„ОН е еден од најблиските партнери на ОБСЕ уште од 1993 година, со потпишување на Рамката за соработка и координација. На нашата заедничка агенда, меѓу другото, е и решавање на конфликтите и градење на мирот. Во сегашните околности, свесни сме дека постои континуирана потреба за справување со долготрајните конфликти низ регионот на ОБСЕ, и како Претседавач во 2023 г., Северна Македонија согласно своите приоритети ќе се обиде да најде решение, избегнувајќи дополнителни ескалации”, истакна Османи на средбата со Ди Карло.

За време на разговорот со Потсекретарката на ОН, тој се осврна и на континуираниот ангажман на ОН во Северна Македонија, за кој рече дека придонесува за зајакнување на нашиот капацитет во клучните сектори со цел да се исполнат барањата за пристапување во ЕУ: реформите во областа на доброто владеење, борбата против корупцијата, реформите на судството, како и зајакнувањето на социјалната кохезија.

На средбата со министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Реинсалу, Османи зборуваше за зајакнувањето на односите меѓу двете земји и продолжување на Трилатералниот проект во областа на дигитализацијата за спроведување на естонското искуство во дигиталната трансформација во Северна Македонија.

Фокус на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто пак, беше унгарската поддршка во нашиот евроинегративен процес, со кого меѓу другото, се осврнаа и на динамичната економска соработка меѓу земјите во поглед на енергијата, земјоделството, водостопанството, образованието, науката и технологијата, туризмот, како и климатските промени.

Билатералните средби на Османи во Њујорк продолжуваат и денес, додека пак на 25-ти февруари се очекуваат средби со дијаспората.

Tags: обраќањеОсманиСовет за безбедност на ОН
Next Post

Северна Македонија како „соларно Елдорадо“: Лани издадени 267 дозволи за производство на зелена енергија

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk