Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на денешната втора инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во технолошко-индустриската развојна зона 2 во Скопје посочи дека двете фази на компанијата достигнуваат инвестиција која е нешто помала од 200 милиони евра.
– И покрај тоа што сме мали, може да дадеме сериозен предизвик во глобалните предизвици. Имаме инвестиција во дејност која е сосема различна од она што го наследивме, а тоа е фармација, дејност на 21 век. Тоа е разлика и тоа е сериозен исчекор напред, рече Деспотовски.
Заменик амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф во обраќањето посочи дека за двете држави – Германија и Северна Македонија производството е важен дел од животот и затоа смета дека е сосема природен избор германска компанија да дојде во Северна Македонија.