ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мобилниот телефон ќе се користи за лична идентификација при склучување договори

– Минавме низ ригорозно испитување на биометриката и она што е важно дека системот не ги зачувува информациите за луѓето што значи не постои база на податоци која ќе може да биде хакирана, изјави заменик – претседателот на „Мастеркард“, Чарлс Валтон на денешното потпишување на меморандумот за соработка со Владата.

February 7, 2020 14:51
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со камерата од мобилните уреди во иднина граѓаните ќе може да вршат нивна лична идентификација и на тој начин нема да мора физички да бидат присутни при склучување договори за платежни картички, кориснички договори со телекомуникациски оператори или при добивање јавни услуги. Алатката ќе се креира во соработка со „Мастеркард“ од каде што тврдат дека системот ќе биде безбеден и оти неможе да има злоупотреба на личните податоци.

– Минавме низ ригорозно испитување на биометриката и она што е важно дека системот не ги зачувува информациите за луѓето што значи не постои база на податоци која ќе може да биде хакирана, изјави заменик – претседателот на „Мастеркард“, Чарлс Валтон на денешното потпишување на меморандумот за соработка со Владата.

Со оваа алатка, според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, повеќе нема да биде потребно физичко присуство на лицето, туку пенкалото за потпис ќе стане мобилниот уред и неговата камера.

– За почнување нов договор за платежна картичка или нов кориснички договор во која било компанија за одредена телеком услуга или за аплицирање и добивање јавни услуги, идентификацијата ќе се врши преку камерата на вашиот мобилен уред без разлика каде се наоѓате физички и во кој дел од светот, рече Манчевски.

Додаде дека за првите 150 илјади корисници на порталот Uslugi.gov.mk предвидени се пет бесплатни потпишувања на електронските услуги во првите 12 месеци од почнувањето на акцискиот план. Реализацијата на овој проект, како што појасни, нема да ја чини државата финансиски средства. Од страна на „Мастеркард“ ќе бидат одвоени околу три милиони евра.

– Меморандумот не значи екслузивитет за „Мастеркард“, туку напротив со него само се воспоставува нова технологија за препознавање на идентитетот на граѓаните што налага имплементација на слични технологии и за другите издавачи на електронски сертификати, појасни Манчевски.

Формирана е работна група од сите надлежни институции, а министерката за финансии Нина Ангеловска очекува во следниот период да биде подготвено решението и да стане достапно за граѓаните.

– Придобивки има многу, но и предизвици и ризици. За успешна реализација на еден ваков проект потребна е силна меѓусекторска соработка, волја за промени, градење на свеста и капацитетите пред се кај администарцијата и јакнење на дигиталните вештини кај населението. Дали едно решение ќе биде прифатено зависи од тоа колку тоа е лесно за користење, рече Ангеловска.

Република Северна Македонија е една од првите земји во Европа каде населението ќе добие можност за електронски идентитет. Земјата, како што појасни заменик-претседателот на Мастеркард, е избрана поради посветеноста на државата за дигитални промени.

Next Post

Дуковски: Поднесено ново барање за замена на мерката притвор на Бојан Јовановски

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk