ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирана книгата „Биографија на аналогниот магнетофон“ од Вангел Башевски-Барми

February 27, 2023 14:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја промовираше книгата „Биографија на аналогниот магнетофон“ од Вангел Башевски-Барми, научно-популарно издание кое главно се занимава со историјата на аудиотехнологијата и музиката.

-Овој интердисциплинарен научен труд на Башевски содржи елементи од акустиката, електротехниката, аудиовизуелните уметности и други сфери. Поконкретно, тој се занимава со развојот и примената на аналогниот магнетофон, највлијателниот изум за звучно снимање. Медиум за таа намена некогаш била магнетофонската лента, на која биле зачувани најбитните дела на музичката уметност, како оние на Синатра, Елвис, Битлси и безброј други странски и домашни имиња, соопшти издавачката куќа.

Книгата е во продажба во книжарници, а наскоро ќе може да се нарача преку сајтот на списанието „Емитер“.

-Целна група се: музичарите, аудиофилите, филмофилите, електротехничарите и оние кои студираат во тие сфери, како и оние кои го следат т.н. ретро-тренд, кој е доста застапен низ светот, наведува „Слово“. 

Издавачот укажува и дека книгата била цел на пиратство и нејзини, како што посочува, дефектни примероци се украдени и илегално продавани.

-Легитимниот тираж на книгата е печатен во странство, а се познава и по т.н. QR-код, кој смартфоните на читателите ги води до веб-страната на авторот. Тој замолува да биде известен ако некому в рака паднал таков примерок. Неколкумина читатели ќе можат да го заменат за легитимен примерок со
разумна доплата, чија смисла е да се обесхрабрат „пиратите“, информира издавачката куќа.

Авторот Башевски дипломирал во областа на звучниот инженеринг. Тој е блогер, фриленс-новинар, издавач, радиоводител и рок-музичар.

Tags: Биографија на аналогниот магнетофонВангел Башевски-Барми
Next Post

Гутереш: Руската инвазија предизвика најмасовни прекршувања на човековите права што ги живееме денес

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk