ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ инсистира на донесување на законот за ЈО, Собранието подготвено да го гласа и на полноќ

Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, е последната порака од евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Европската комисија.

February 7, 2020 16:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На неколку дена пред распуштање на Собранието пред претстојните предвремени парламентарни избори, новиот Предлог-закон за јавно обвинителство не е ставен на гласање на собраниска седница. Иако формално не е услов за почеток на преговори, Европската Унија повеќепати, преку своите претставници потенцираше дека тој треба да биде изгласан час поскоро.

Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, е последната порака од евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Европската комисија.

Претходно и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, при неговата посета на земјава порача дека законот треба да биде изгласан, односно изрази надеж дека сегашниот парламентарен состав ќе даде приоритет на новиот закон за ЈО, консатирајќи дека тоа ќе биде добар знак упатен до земјите-членки.

Жбогар денеска ја парафразира пораката на Вархеји, велејќи дека ЕК не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини.

„Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на правото“, изјави Жбогар.

Дека Законот за ЈО може да биде донесен, денеска потврди и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој порача дека и на 12 февруари до 23 часот да дојде усогласен Предлог-закон има процедурална можност да биде ставен на гласање.

„И до 23 часот на 12-ти да биде дојден предлог усогласен има процедурална можност тој предлог да биде претворен во закон. Неспорно, но на крај на мандат пред распуштање на Собрание само да се отвори седница, а неусогласен предлог, и да се претвори во театар е тоа немам намера. Нема потреба од некаква тензична ситуација пред одење на избори“, изјави Џафери.

По однос на Предлог-законот за Јавно обвинителство беше организирана и јавна расправа на кој многу експерти, претставници на граѓанскиот сектор дадоа свој придонес, по што беа организирани и средби на работните групи на политичките партии, но не се постигна напредок.

Односно, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на законоско решение што ќе биде изработено од експерти, а министерката за правда Рената Дескоска тврди дека на сегашното решение веќе работеле експерти.

За ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо законско решение што ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за Законот за јавното обвинителство, рече деновиве претседателот  на опозициската партија Христијан Мицкоски.

Дескоска пак, порача дека законот за ЈО ќе се донесе со или без ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе обезбедат 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство.

Според неа, со новото законско решение не е загрозено продолжувањето на предметите на СЈО, затоа што овие предмети се веќе трансферирани во Јавното обвинителство.

„Мислам дека желбата кај ВМРО-ДПМНЕ да ги заштити своите членови и поранешното раководство што се обвинети од СЈО, а кои постапки сега продолжуваат, е посилна од потребата да помогнат во евроинтеграцијата на земјата. Значи, клучните точки кои што се отворени се всушност продолжување на постапките за јавно обвинителство и градењето на ефикасен систем во рамките на ЈО за борба против криминал и корупција“, изјави Дескоска непосредно пред завршување на дводневната јавна расправа во Собранието на  29 јануари.

Биљана Богдановска

Next Post

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Фотографии од снимањето на „Медена земја“

Најново

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk