ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мастеркард отвора претставништво во Скопје и назначува нов генерален директор за Југоисточна Европа

March 1, 2023 08:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Технолошкиот лидер „Мастеркард” (Mastercard) преку огранокот за Европа го отвoра своето долгоочекувано претставништво во Скопје.

„Мастеркард беше првата платежна картичка издадена во Република Северна Македонија и во изминатите дваесет и пет години увидовме дека земјата се издвојува како иновативно и напредно општество на Балканот, посветено на развој на дигиталната економија, корисничко искуство (UX) со врвен квалитет за потрошувачите. и услуги за електронското банкарство. Горди сме што Мастеркард континуирано инвестираше во развојот на инфраструктурата за бесконтактни NFC плаќања и економскиот еко-систем како стабилна мрежа на меѓусебно поврзани фирми и институции, така што сега можеме да одбележиме прифаќање на 100% бесконтактните платежни уреди во земјата. Мастеркард се гордее и со извонредниот впечаток и изградениот однос со сите клучни чинители на пазарот.

Ние сме ко-основачи и главен поддржувач на Македонската асоцијација за е-трговија, стремејќи се кон врвен квалитет на дигиталното искуство и безгрижност при секојдневните плаќања на сите македонски граѓани. Отворањето на локалното претставништво е природна еволуција и е со нетрпение очекувано од нашите вредни партнери во Република Северна Македонија”, изјави Вања Манова, менаџерка на Мастеркард за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.

Партнерството со Комерцијална банка АД Скопје, што бележи континуиран развој почнувајќи од 1995 година, е одличен пример за локалната соработка на Мастеркард на македонскиот пазар:

„Во декември 1995 година, како водечка банка во иновациите и платежната технологија, Комерцијална банка АД Скопје беше првата банка која издаде картичка од меѓународен бренд – брендираната Мастеркард. Нашата банка во 1996 година ги воведе и првиот банкомат и платежен уред во земјава, кога беше извршено првото дигитално плаќање”, изјави м-р Киро Чадиковски, раководител на Одделот за картички и платежни сметки при Комерцијална банка АД Скопје, додавајќи дека:

„Во текот на сите овие години, додека пазарот има тенденција да развива неограничени можности во областа на банкарството, картичките и дигитализацијата, благодарение на цврстата соработка, поддршка и партнерство со Мастеркард, нашата банка продолжи да воведува нови банкарски решенија одржувајќи ја водечка позиција на македонскиот пазар во областа. на дигиталната трансформација и платежните картички”.

Според истражувањето и анализата на трендови спроведено од Мастеркард, плаќањето со картички во Република Северна Македонија расте со двоцифрена стапка на годишно ниво, а вредноста на плаќањата со дебитни картички е речиси двојно зголемена од 2019 година навака.

Мастеркард со задоволство го објавува и назначувањето на Бартош Чиолковски за генерален директор за Југоисточна Европа, со Северна Македонија меѓу десетте пазари во овој бизнис регион што бележат континуиран раст. Во својата нова функција, г-динот Чиолковски ќе биде одговорен за спроведување на стратегијата за развој на електронските плаќања и работа со деловни и институционални партнери. Г-дин Чиолковски се приклучи на Мастеркард во 2005 година, а пред да биде назначен на оваа функција ја извршуваше улогата на генерален директор за Полска, каде што значително придонесе за динамичен развој на секторот за електронски плаќања преку воведување иновативни решенија и производи, како и проширување на мрежата за прифаќање на новитетите. Тој одигра клучна улога во основањето на Cashless Poland Фондацијата и во инвестицијата на Мастеркард во Polish Payment Standard (PSP), сопственик на BLIK.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: MastercardСкопје

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk