ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) Протест на учениците од „Орде Чопела“ од Прилеп против насилникот кој злоставувал нивна соученичка

March 3, 2023 09:59
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците од претпладневната смена во СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп, вчера излегоа на протест во знак на поддршка на нивната 15-годишна соученичка која била сексуално злоставувана од хигиеничар вработен во училиштето, пишува Публикум.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2023/03/pp-orde-copela.mp4

Истовремено, учениците го искажаа и својот револт против непреземањето никакви санкции на в.д. директорката на средното училиште, Тереза Трајкоска-Златеска, против насилникот. Доставувајќи краток видео материјал од денешниот протест, тие нагласија дека не се чувствуваат безбедни во училиштето, од причина што ова не е прв случај на сексуално злоставување и вознемирување на ученички но дека сите претходни случаи биле заташкани.

Исто така, учениците се пожалија на притисоци од страна на директорката да се прекине протестот, што на својот фејсбук профил го потврди и Фуркан Салиу, новинарот на ТВ Клан Македонија, кој прв го објави скандалот.

„За момент помислив дека директорката на средното училиште ‘Орде Чопела’ навистина сака да го расчисти случајот со младото 15-годишно девојче, но денешните информации ме убедија дека не е така. Голем притисок се врши врз учениците кои соработуваа со нас медиумите, а соработуваа затоа што се плашеа. Се плашеа затоа што иако цел Прилеп зборуваше за настанот никој не собра храброст да го истражува. Па затоа, не можам а да не прашам, дали политиката го штити осомничениот?“, напиша Салиу, објавувајќи фотографии на кои насилникот е сликан со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Инаку, од причина што Училишниот одбор не распишал оглас за избор на директор на СОУ „Орде Чопела“, градоначалникот Јовчески денеска на в.д. директорката Трајкоска-Златеска и’ додели нов, втор по ред шестмесечен мандат.

Извор: Публикум

 

Tags: Орде ЧопелаПрилеппротестученици
Next Post

Приведен 47-годишник од Волково, пронајдени мигранти во возилото што го управувал

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk