ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зечевиќ: Ја препознаваме важноста од рушење на квази-нормите кои го ограничуваат женскиот потенцијал

March 5, 2023 19:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, 8-ми март е посебен ден, меѓутоа, само како појдовна точка, а не како крајна дестинација.

 

-Ако крајот на 20-тиот век беше период на препознавање на моќта на жената, почетокот на 21-виот век е период на валоризација на таа моќ!

Денес, чекориме заедно да оддадеме почит на придонесот на жената во општеството. Од историски аспект, овој ден, е ден на сеќавање на група храбри жени кои маршираат на улиците барајќи подобри услови за работа, право на глас и право на општествен активизам. Овие хероини го отворија патот за идните генерации во секојдневната борба за правата на жените.

Затоа и во моето политичко, социјалдемократско кредо, верувам во основните вредности на еднаквост, правда и солидарност, рече Зечевиќ на осмомартовскиот марш во Прилеп.

Според него, тие вредности се во сржта на социјалдемократското движење и го формираат пристапот кон решавање на прашањата за родовата еднаквост.

-Секој поединец, без разлика на пол, раса или класа, треба да има можност да го достигне својот целосен потенцијал. Ние како социјалдемократи сме повикани да зборуваме за предизвиците, за родовата еднаквост, за родовото насилство, за положбата на жената; За обезбедувањето еднаков пристап до можностите и ресурсите како и мажите, со еднакво право на целосно учество во општествениот живот, во нивните заедници локално, централно, глобално. Жените дадоа, даваат и ќе даваат значителен придонес во секој аспект на општеството, од политиката и науката, до културата и уметноста. Во борбата за родова еднаквост, ние мора да ја препознаеме важноста од рушење на закржлавените, конзервативни стереотипи и општествени квази-норми кои го ограничуваат женскиот потенцијал. Ние, како социјалдемократи, се залагаме и ги промовираме политиките кои промовираат еднакви можности и на отворена сцена ги предизвикуваме родовите улоги кои го ограничуваат и го стеснуваат ангажман и изборот на жените, рече Зечевиќ.

Вербалното и физичкото насилство врз жените е неприфатливо!

Зајакнувањето на политиките на еднакви можности е клучен дел од градењето на поправедно општество, рече генералниот секретар на СДСМ.

Ние креираме амбиент кој промовира родова еднаквост и ја елиминира родовата дискриминација. Ги уриваме бариерите што ги спречуваат жените да го достигнат својот целосен потенцијал и работиме на создавање на општетство каде што полот нема да ги диктира можностите или животните избори на една личност. Ние силно веруваме во создавање култура на почитување на жената и ненасилство врз жената. Вербалното и физичкото насилство врз жените е неприфатливо! Жената е херој! И има посебна симболика кога ова го говорам во Прилеп – Градот херој! Затоа што жените-хероини од Народно ослободителната борба, беа рамноправни партизани и родољуби, храбри и пожртвувани, еднакви и силни, кои со пушки в рака беа на браникот на татковината, рече Зечевиќ.

 

Според него оваа саможртва е драгоцено наследство и нè задолжува сите нас многу повеќе да бидеме гласноговорници за родовата еднаквост.

-Треба повеќе да зборуваме и да делуваме за нашите секојдневни жени-хероини, знајни, но многу повеќе незнајни. Нив ги среќаваме дома, на работа, на улица, во продавница… тие се тие кои водат секојдневни човечки битки за себе, за семејството, за своите блиски. За жал, за нив малку се говори. Затоа, ние цврсто стоиме зад нив. Нашите политики стојад зад нив. Ние, социјалдемократите, сме нивниот глас, нивната поддршка, како што тие се наша инспирација и поддршка, секој ден, нагласи Зечевиќ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: генерален секретар на СДСММиле Зечевиќмоќта на женитеосмомартовски марш во Прилеп

НАЈНОВО

Дуња Иванова македонска претставничка на Европското првенство во МТБ Маратон во Казела, Италија

June 3, 2025

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

June 3, 2025

Општинскиот инспекторат ја евидентирал големата прашина поради рушење објект низ Тетово, Касами најави постапка

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk