ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавена стихозбирката „Врвот дно“ од Блаже Петревски – Ендемион

March 6, 2023 08:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од печат излезе првата збирка поезија на Блаже Петревски со наслов „Врвот Дно” во издание на Академска мисла – Скопје. Песните, распоредени во три циклуси („Од врвот на дното”), („Легии на свеста со штитови од мисли”), („Испарувања”) се нов силен поетски глас на македонската поетска сцена.

За дебитантското поетско остварување на Петревски, современиот македонски писател Стефан Марковски пишува:

„Словото на Блаже Петревски (Охрид, 1987), врзувајќи стих со стих во нераскинлива нишка налик јаже од темјанов дим, уште во првата песна, манифестно, низ ритуално пиење вино на Бахус кое зборува преку устата на Исус прогласува нова епоха преку сопственото поетско откровение, кое не може да постои на друг начин освен во вид на свеченост чујна единствено за оние кои имаат уши. Пешачејќи држејќи се за оваа нишка, слушајќи одеци од различни периоди од човечката историја, реална колку и митска, стигајќи во времето на поетот, во капут од стихови смртни, пеш го минеме и небото. Впивајќи го повеќедимензионалното патување на овој „брат на жарта и пепелта” од сите три дела на неговото поетско деби, континуирано го слушаме иманентниот одѕвон на музиката, извонредната песна на трепетот насликана на платното од тишина меѓу неговите стихови сочинета од лирски и епски мелос – грандиозно распетие на поетовото слово во стихови со длабок допир. Изострувајќи го умот на читателот, Петревски значењата на зборовите не ги сведува на едноставни игри, ами на бури од стилски фигури, идентификувајќи го читателот на овие стихови како доживувач на доживеаното, изнесувајќи го и послужувајќи го сопствениот свет како епохѐ кое изискува изнурнување во поетовиот креативен ум наместо гледање низ каква било вообичаена поетско-толкувачка призма.”

Покрај Марковски, за стихозбирката се изјаснува и универзитетскиот професор Владимир Мартиновски, кој забележува дека е „вистинска реткост поетскиот првенец да биде толку зрело конципиран, толку поетски конзистентен и толку поетички, стилски и мотивско-тематски доследен како што е тоа случајот со поетскиот ракопис. […] Поезијата на Петревски го реактуелизира изометриското стиховно пеење (стиховите најчесто имаат од 10 до 12 слогови) – мисловните и поетските целини вешто се обликувани во стихови кои природно се надоврзуваат.”

Блаже Петревски е роден 1987 година во Охрид. Основно и средно образование завршил во родниот град. Студирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Уште како средношколец им се восхитувал на стиховите на Марина Цветаева, Рајнер Марија Рилке, Бодлер, Пушкин, Гете. Поезијата за него преставува најсвета, највозвишена вредност. Единствената животна надеж и негово засолниште претставува пишаниот збор, стихот кој ја остава душата без здив.

Стихозбирката „Врвот дно” е прва стихозбирка на Петревски, составена од песни пишувани пред повеќе години, откако беше неколкупати одбиена за финансиска поддршка од Министерството за култура.

Tags: „Врвот дно“Блаже Петревски – Ендемионстихозбирка
Next Post

Треба ли странци да ги избираат судиите во Македонија?

НАЈНОВО

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025
Скриншот

ДИК: Одземени акредитации на осум набљудувачи во Шуто Оризари поради злоупотреба и агитирање

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Баерн минатата сезона заработи рекордни една милијарда евра

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk