ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потпишани договори за Национално кофинансирање на програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија

March 6, 2023 13:59
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во општина Куманово, денеска беа потпишани два договори за Национално кофинансирање по програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов потпишаа договор за проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија за регионите“, а в.д директорот Марио Арангеловски од Фондацијата за култура и спорт на општината и министерот Пенов потпишаа договор за проектот „Соработка во визуелните уметности за промоција на културниот идентитет на регионот“.

Во изјава за медиумите, Димитриевски истакна дека двете општини ќе имаат бенефит во делот на развој на туризмот и зголемување на капацитетите во туристичката понуда на општините.

„Поразговаравме со министерот во однос на соработката помеѓу ресорот којшто тој го води и општина Куманово, јас можам да истакнам дека соработката е на задоволително ниво. Општината има интерес да се унапредува таа соработка со тоа што верувам дека ресорното министерство ќе ги искористи своите позиции да обезбеди поголеми средства во делот особено на регионалниот развој во државата, со аспект дека Куманово се наоѓа во североисточниот плански регион, еден од најзаостанатите или најнеразвиените региони во државата. Верувам дека нашата држава ќе смогне сили да обезбеди средства за соодветен регионален развој со коишто се повеќе од потребни за да се имплементираат сериозни капитални регионални проекти, кадешто директни бенефициенти ќе бидат општините“, рече Димитриевски.

Министерот Пенов информираше дека покрај потпишувањето на овие два значајни проекти во меѓуграничната соработка, во Куманово ќе бидат донесени и три противпожарни возила преку проект со швајцарската влада.

„И покрај овие два значајни проекти во меѓуграничната соработка особено сакам да го истакнам проектот со швајцарската влада за општина Куманово со кое три пожарни возила ќе бидат донесени во Куманово, ќе се реконструира пожарната зграда и ќе се набават 60 модерни опреми за 60 пожарникари, со што ќе го издигнеме нивото на противпожарна заштита во Куманово. Го заокружуваме еден од најважните проекти на Владата во сите региони, во сите општини противпожарните возила целосно се обноват. Имаме преку бирото за регионален развој многу значаен проект со градоначалникот, на негово барање ќе се имплементираат 49 нови модерни контејнери проект во вредност од 21 милион денари, контејнери за првпат применети овде со кои лицата со попречености ќе ги користат“, истакна Пенов и додаде дека во месец јуни почнува имплементацијата на ИПА 3 проектот кадешто 30 милилни ќе бидат имплементирани, што е шанса и за општина Куманово да аплицира и добие еден добар дел од овие пари и да направи проекти кои ќе бидат од интерес на граѓаните на Куманово.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаДимитриевскиКумановоМакедонија
Next Post

Остин: Падот на Бахмут не мора да значи дека Русите го смениле текот на борбата

НАЈНОВО

Урсула фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во Европскиот парламент

October 6, 2025
ВИ

„Peaky Blinders“ се враќа со две нови сезони и филм

October 6, 2025

Шукова: Урбанизмот ќе биде транспарентен, паркирањето решено системски

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk