ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Најбрзорастечката компанија за поштенски услуги во регионот, „Мик Мик“ започна со работа и на македонскиот пазар

March 8, 2023 09:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Мик Мик“ која е позната на регионалниот пазар по својата брза и прецизна достава и највисок процент на успешност при достава, и која редовно опслужува над 10.000 клиенти на Балканот, меѓу кои и брендови како Адидас, Интерспорт и Џамбо, започнува со работа и на македонскиот пазар.

Со 24-часовно логистичко поврзување на источната и западната патна мрежа, „Мик Мик“ брзата пошта обезбеди транспорт без задржување на пратките во собирен центар и нивно побрзо пристигнување во сите градови низ земјава.

Влезот на компанијата на македонскиот пазар го обележаа големи инвестиции, како во сопствени капацитети, така и во аквизиција на постоечки. Истовремено, преку ангажирање на најдокажаните кадри од индустријата во државата и регионот, компанијата ќе го пренесе своето досегашно искуство од регионот и во Македонија.

Со користење на услугите на Мик Мик, граѓаните и компаниите добиваат можност за вистинско следење на пратките во реално време, овозможено преку системот за скенирање на пратки во секоја точка на контакт, што значи дека корисниците имаат целосен увид од приемот до доставата на пратката до крајниот корисник. „Истовремено, за сите корисници, на располагање е и нашиот Центар за грижа, кој работи со продолжено работно време до 21 часот“, велат од компанијата.

Кулминација на инвестирањето е логистичкото поврзување на источната и западната рута, што значително го скусува времето на достава на пратките за сите градови во Македонија.

„Со логистичко поврзување на западната и источната патна мрежа, преку одржувањето на 24 часовни рути, за граѓаните обезбедивме пристигнување на пратките најдоцна следниот работен ден, меѓу кои било две населени места во државава“, истакнуваат од компанијата.

Покрај за граѓаните, лансирањето на Мик Мик на македонскиот пазар ќе донесе големи бенефиции и за компаниите, а посебно за трговците. Компанијата располага со сопствен ИТ тим кој нуди поддршка и напредни софтверски решенија за директно поврзување на системите на трговците со поштата и значајно скратени административни процедури.

Од компанијата додаваат дека постојано работат на развој на нови решенија во полза на граѓаните по терк на последните трендови од развиените земји, за да овозможат најсовремени поштенски услуги и во нашата држава.

Tags: „Мик Мик“
Next Post

Средношколци фармацевти изработија спрејови за кожа, ќе ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки

НАЈНОВО

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025
Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Кралска чест за легендата: Британската ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури

November 18, 2025
Скриншот

Технички дефект во Cloudflare: Делови од светската мрежа не работат или имаат чести прекини

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk