8-ми март е ден кој нѐ потсетува на обвската да негуваме општество во кое жените се еднакви со мажите, се почитувани дома и на работа, се исто платени со мажите, се еднакво застапеност во јавниот и политичкиот живот и имаат сигурен пристап до правдата, истакна во објава на Фејсбук вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Тој вели дека „тоа е правичност што треба да се прифати и столб на здравото општество“.
„Жените досега многупати докажале дека можат да бидат успешни во сите области, а нивната улога како мајка во општеството е неизмерна.
И не само денес, секој ден треба да се заблагодаруваме за нивната пожртвуваност, несебичност и посебен придонес во развојот на општеството.
Владата ќе продолжи да презема активности и активно да се бори против дискриминацијата врз основа на пол, мајчинство, особено на пазарот на трудот, како и против насилството врз жените.
Драги дами, ви го честитам празникот и ви посакувам да бидете ценети, сакани и успешни.
Среќен Меѓународен ден на жената, 8-ми март!“, нагласува Маричиќ