ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров во 360°: Кој не дигне рака за законот за ЈО, не сака С. Македонија да зачекори кон ЕУ

На некој начин, тој што не поддржува и не гласа закон за којшто Европа вели дека е добар, практично меѓу интересот да го направиме тој чекор кон ЕУ, да влеземе во пристапните преговори, и да има одговорност за сите – и меѓу интересот да нема одговорност, да нема кривични процеси, да нема пресуди, тие го бираат второто.

February 8, 2020 12:55
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за преговорите за законот за јавно обвинителство и можноста за негово донесување. Димитров вели дека постои голема збрка во македонската јавност, но дека суштината е дека и македонската јавност, но и Европа бара правна одговорност на највисоко ниво.

„Целата битка е што за нашата европска иднина, но и за нашата совест и здравје како народ, битно е да има правна разврска на оваа планина од индиции, веќе има и некои пресуди, обвиненија итн. Проблемот е што опозицијата сака да избега од оваа одговорност. Таа не сака да има кривична одговорност за поединци или правна разврска, очигледно, бидејќи не гласа за законот за јавно обвинителство. Тоа не е закон што го правиме сосема слободно. Европа вели, а мислам дека и сите граѓани кои сакаат правна држава, се на таа страна, да нема скриена амнестија и политиката да не кажува – ова ќе се гони, ова нема да се гони. И да не бира партиско-политички погодни обвинители, туку фелата тоа да го прави“, вели Димитров.

Тој вели дека ЕУ и САД се во тек со преговорите и дека велат дека тоа што е на маса е добра основа за консензус.

„На некој начин, тој што не поддржува и не гласа закон за којшто Европа вели дека е добар, практично меѓу интересот да го направиме тој чекор кон ЕУ, да влеземе во пристапните преговори, и да има одговорност за сите – и меѓу интересот да нема одговорност, да нема кривични процеси, да нема пресуди, тие го бираат второто. И практично во името на криминалот, ја жртвуваат европската иднина на државата. Значи, кој не дигне рака за тој закон, не сака Северна Македонија да зачекори кон Европската Унија. Не може да биде појасно“, вели Димотров.

Во однос на забелешките на опозицијата дека со ваквиот закон власта сама би се спасила од гонење на нејзините криминали, Димитров вели дека ова тело ќе ги гони сите влади, односно ќе ја гони високата корупција. Тој вели дека најважно е да нема скриена амнестија и фелата да бира кој ќе го води тоа тело, а не партиите, како и да не пропаднат веќе започнатите случаи, туку да завршат со јасни пресуди, за секој конкретен случај.

Next Post

Жена загина во пожар во Прилеп

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk