Пишува: Мирјана ВАСИЛЕВА
Дали за Украина е можен мир? Ова е прашање за кое засега е невозможен позитивен одговор, бидејки има големи недоразбирања на глобална политичка сцена меѓу Западот и Истокот.
На првата годишнина од војната во Украина јавноста преку медиумите можеше да се запознае со прогнози за разни офанзиви од страна и на Украинците и на Русите. Некои високи украински функционери тврдеа дека Русија ќе нападне најсилно на почетокот на пролетта од повеќе насоки и дека, меѓу другото, повторно ќе се обидат да го окупираат Киев. Некаде во исто време на Запад почнаа шпекулациите за дека украинските офанзиви се во подготовка па се споменуваше и можноста Украина да ја врати контролата дури и на Крим.
И додека очите на светот се насочени кон уште крвавиот бој за Бахмут, во Белата куќа ненадејно се сретнаа американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцалар Олаф Шолц.
За оваа средба германските медиуми известија дека се раговарало за актуелни состојби во Украина, за зголемување на воената помош, како и за стравувањата од Кина доколку се вмеша во војната во Украина со испорака на оружје за Русија.
Средбата Бајден-Шолц се случи во мометот кога европските медиуми информираа за иницијативата на Германија и на Франција за евентуален мир во Украина, и тоа во исто време кога и Кина, на Минхенската конфернција за безедност, го промовираше својот мировен план за Украина.
Нема да има мировни преговори без согласност на Украина и без учество на САД
Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека какви било преговори за ставање крај на војната во Украина ќе започнат само кога рускиот претседател Владимир Путин ќе сфати дека нема да победи.
„Мојата гледна точка е дека е неопходно Путин да разбере дека нема да успее со оваа инвазија и неговата империјалистичка агресија – дека мора да ги повлече војниците. Тоа е основата за разговорите и дека Украина дури тогаш ќе биде подготвена за мир“, изјави германскиот канцелар Шолц.
На прашањето дали треба да се направи договор за да се стави крај на војната доколку Украина се согласи да не го врати Крим или делови од источен Донбас, Шолц рече дека нема да се носат одлуки без украинската страна. Според некои медиумски извори, официјални лица во Берлин, Париз, а наводно и во Лондон, неодамна се согласиле да и понудат на Украина „договор за ограничена безбедност“, кој – според некои луѓе запознаени со планот – треба да ги поттикне преговорите.
Сите детали не се познати бидејќи информациите доаѓаат од неименувани функционери, но она што се споменува е обезбедувањето воена поддршка на НАТО за Украина, речиси целосно, но без можност за повикување на членот 5 (дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати) и без директно учество на војници на НАТО во Украина.
Оваа идеја, некои веруваат, би можела да ги задоволи и Киев и Москва. Но истовремено познат е ставот на амеирканскиот претседател кој од Варшава порача „Украина никогаш нема да биде победа за Русија“.
Некои работи, очигледно, се намерно отворени за толкување. Сепак, ставот на Вашингтон денес е јасен дека САД нема да им дозволат на своите европски сојузници да му предложат мировни преговори на Киев, а камоли да почнат да ги застапуваат отворено и сами тие предлози без директно учество на Америка.
Истовремено од другата страна светот и Кина напиша документ од 15 точки за мир во Украина во и којшто се предлага прекин на огнот и преговори мегу двете страни.
Војната и судирот на никого не е од корист, се наведува во кинескиот документ од 12 точки, кој го беше објавен на Минхенската конференција за безбеност, а по повод една година од почетокот на руската агресија врз Украина
„Сите страни мора да останат рационални и да бидат воздржани. Да избегнуваат распламтување на огнот и влошување на состојбата со цел да се спречи кризата дополнително да ескалира или да излезе од контрола се наведува во кинескиот мировен план, и во кој се повикува и на прекин на западните сакции против Русија, Да се воспостават хуманитарни коридори за евакуација на цивили и да се преземат чекори за обезбедување на извоз на жито“, пишува во планот на Кинезите.
Во врска со заштита на нуклерните електрани, Пекинг се залага тие да бидат осигурани за да се спречат сите закани или употреба на нуклерно оружје, реафирмирајки го ставот дека суверенитетот, незвисноста и територијалниот интегритет на сите земји треба да бидат загарантирани.
И на крајот во мировниот план на Кина се препорачува да се оконча менталитетот на студената војна, што е стандарден израз на Пекинг, кога е во прашање надворешната американска политика.
За Вашингтон и Брисел Кина нема кредибилитет за нуди мировни договори
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека земјата мора да соработува со Кина во однос на можните планови за прекин на војната затоа што Пекинг го почитува украинскиот суверенитет и територијален интегрит, а посебно е важно што во моментов сите земји се добредојдени во таборот против Русија.
Од друга страна пак во кинескиот предлог за мир јасно се нагласува почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет, што за Русија ќе биде тешко прифатливо да го прифати овој предлог затоа што изврши окупација и присвојување на украинските региони (Доњецк, Луганск, Запорожје, Керсон).
Според аналитичарите кинескиот план во суштина е неодреден и повеќе станува збор за рамковни идеи кои треба да бидат предуслов за деескалација и за прифачање да се седне на преговарачката маса.
Од тие причини Вашингтон не го прифати и упати критики дека онаа страна која му пружа рака на Путин неможе да иницира преговори за мир.
За генералниот секретар на НАТО Столтенберг Пекинг не е во позиција да нуди мировни планови за окончување на војната затоа што нема кредибилитет бидејки не ја осуди руската агресија. Од друга страна претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен рече дека Кина не понудила мировен план туку некои начела како тоа да се направи, додека Германците упатија забелешки дека во кинескиот план не е наведено како услов повлекување на руските сили, и дека за оваа, и за било која, идеја мора да има согласност на Украина и да се земат легитимните интереси на Киев.
Но ова е сосема спротивно на одговорот на Русија за евентуални прговори ако се земе предвид изјавата на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков дека Русија е „отворена за преговори“ со цел да се стави крај на конфликтот во Украина, но тој уште еднаш повтори дека „територијалната реалност не може да се игнорира“. Со други зборови, Москва не е подготвена да разговара за 4-те украински региони што ги анектираше минатата година по референдумот што, се разбира, е целосно отфрлено од страна на Киев.
Да подсетиме дека Русија ги анектираше споменатите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон со голема церемонија во Москва минатиот септември, и тие според Кремљ се управувани како составни делови на Руската Федерација и се инкорпорирани со уставен декрет.
Како и да биде во поблиската и подалечната иднина, аналитичарите се уверени дека со окончувањето на војната во Украина на овој дел од истокот на Европа ќе се дефинира идниот светски поредок. За тоа како ќе изгледа тој во детали сега засега нема одговор имајќи предвид дека војната е во полн ек и во полна жестина.
Ставовите се лични на Авторката. Преземено од Рацин