ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нов проект на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности

March 10, 2023 18:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ почна со имплементација на новиот проект „Заедно за подобра иднина“ со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, за промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата. Проектот предвидува низа активности за поттикнување на позитивни промени во општеството и поттикнување на заедниците да работат заедно за подобра иднина.

Овој проект се надоврзува на достигнувањата на претходни проекти и подразбира промоција на почитувањето на културните, етничките и верските различности во Северна Македонија, со посебен фокус на младите, како и поддршка на владините стратегии за мултикултурализам, еднаквост и недискриминација.

Во текот на годината, пред ЦИВИЛ е навистина динамична агенда со активности низ целата земја, и ќе ја интензивира соработката со институциите на национално и локално ниво, граѓанските организации, медиумите, образовните институции и носителите на одлуки во различни области на општествениот и политичкиот живот. Тоа подразбира и динамична интеракција со политичките партии, верските заедници, неформалните граѓански и политички групи, како и бизнис заедницата. Но, најмногу од сè, ЦИВИЛ ќе се потпре на граѓанската поддршка од целата земја.

Меѓу големиот број на активности, спаѓа и организирање на креативни конкурси за деца од училишна возраст, како и серија настани низ земјата на која ќе се одржат и церемонии за доделување награди на победниците на тие конкурси.

Преку својата медиумска платформа, ЦИВИЛ ќе придонесе кон разбирањето и деконструкцијата на националистичките наративи, ќе предложи начини за надминување на поделбите, и прифаќање на мултикултурализмот и европските вредности во општеството.

“Нашиот став останува ист. Ние ќе продолжиме со испраќање на силни пораки против национализмот и против поделбите и омразата. Македонското општество е мултикултурано, мултиконфесионално и мултиетничко. Тоа е убавината на нашето општество и во тоа има огромен потенцијал. Различностите претставуваат потенцијал за просперитет и добробит на сите поединци и заедници во општеството, вклучително и во економијата, социјалната правда, културата, образованието и многу други области. И… Тоа е Европа“, соопштуваат од организацијата по повод почетокот на проектот.

ЦИВИЛ има цел да ја зајакне јавната свест за придобивките од мултикултурното општество, недискриминацијата и почитувањето на човековите права и слободи, во согласност со европските вредности. Проектот ќе придонесе кон подобрување во областа на односите меѓу заедниците во земјата, како и спротивставување на културата на поделби и омраза.

„Нашето општество мора да се спротивстави на радикалните националистички тенденции и треба да остане водечки пример за мултикултурализам и пошироко. Треба да работиме заедно, за подобра иднина, за мир и просперитет. Нашите различни култури, традиции и јазици можат да нè збогатат во секоја смисла на зборот“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Организацијата останува отворена за учество, прашања и коментари во контекст на проектот.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: антинационализаммултикултурализампроект
Next Post

Петровска – Агелер: Криволак е воен полигон од светска класа

НАЈНОВО

Според Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетни честички во Скопје:Тоа е визуелно така

September 10, 2025

ДИК: Досега 5.729 граѓани го провериле Избирачкиот список

September 10, 2025

Три лица, меѓу нив и малолетник, пријавени за пожарот во кумановската населба „Бавчи“

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk