ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тренчевска: Семејството на бебето кое почина од туберколоза не живее во лоши услови, сите информации ќе му се обезбедат на Народниот правобранител

March 13, 2023 13:15
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Семејството на бебето од Куманово кое почина од туберколоза не живее во лоши услови. Тоа го утврдивме со посета на стручниот тим од Центарот за социјални работи од Куманово, каде што се виде дека семејството има и хигенски услови и е материјално обезбедено. Во моментов народниот правобранител и здравствениот сектор работат на овој случај, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа напомена дека случајот се следи и во моментов се работи со семејството за да можат децата повторно да се вратат на училиште, а таткото на работа.

Како што рече министерката, нивните три деца се деца кои имаат родителска грижа.

– Членовите на семејството не се корисници на ниедно право, освен правото на надоместок за трето дете. Народниот правобранител работи на случајот, сите наоди и мислења кои се добиени на терен од Центарот за социјални работи ќе му бидат достапни на народниот правоибранител, за да може да утврди дали има некаков проблем, а секако тука е и здравствениот сектор, кој треба да утврди дали на детето му била понудена соодветна здравствена грижа, рече денеска Тренчевска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на панел дискусија „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“.

Tags: МТСПСемејствоТренчевска
Next Post
Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Зеленски по акциите против црквата под влијание на Русија: Украина бара духовна независност

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk