Професорите или туторите кои имаат каква било одговорност за студент ќе се соочат со отказ доколку стапат во „интимна врска“ со нив е новата политика која ќе стапи на сила следниот месец, на 17 април.
Професорите и сите други вработени од академскиот, стручниот и административниот персонал ќе бидат „силно обесхрабрени“ од какви било блиски лични односи со студентите „што ги пречекорува границите на професионалното однесување“, истакнуваат коментарите во врска со новата регулатива на повеќе универзитети на островот.
Универзитетите што одлучија да ја почитуваат оваа регулатива велат дека до овие одлуки дошле после многу месеци и консултации и брејнстормирање за да се дојде до најдобрите политики за оваа тематика.
Оние што подолго време го следат развојот на дебатата на темата „интимни односи“ и злоупотребата моќта на наставни-научниот кадар на иниверзитетите во Велика Британија велат дека овој развој е последица на повиците за забрана на „несоодветни односи“ тргна од активизмот на групата „It Happens Here“ на Студентски сојуз на Универзитетот Оксфорд која покрена кампања против сексуалното насилство во универзитетот.
Повеќе на следниот линк!