ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Организирана дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“

March 13, 2023 14:59
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика денеска организираше дискусија насловена „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“ како дел од кампањата „Гласна и храбра“ која се реализира во месец март. Дискусијата има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова еднаквост во општеството. На дискусијата се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, советничката за здравство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ана Данева Маркоска, специјализантката по кардиологија и претседателката на Здружение на лекари специјализанти, Александра Ѓорѓиева и специјализант, медицинска сестра во Клиника за гинекологија, Маргита Трифуновска.

„Половата дискриминација во здравствените професии се однесува на целата култура на пристрасност кон женските лекари, изразена вербално преку погрдни и агресивни коментари, пониски плати и други форми на дискриминаторски дејствија од претежно машки врсници. Овие жени се соочуваат со потешкотии во нивната работна средина како резултат на позициите на моќ доминирани од мажи во областа на медицината, како и првичните предрасуди претставени во процесот на вработување, но не ограничувајќи се на унапредување“ рече Данева која се обрати во улога на модератор на настанот.

Министерката Тренчевска во своето обраќање се осврна на актите на насилство со кои се соочуваат жените кои се здравствени работници.

„Мора да признаеме дека секогаш кога се споменува здравството и здравствените работници тоа е најчесто во конотација на тоа дека вие имате законска обврска да се грижите за болните и за пациентите и да ја дадете својата безрезерва поддршка во вашата работа со нив, но императив е вие пред се да ги остварите своите права пред се преку обезбедување на безбедна работна средина за себе и за своите соработници, а тоа значи елиминирање на секаков вид на вознемирување на работно место, родово базирано насилство, мобинг,сексизам и сл.облици на дискриминација и насилство кои несмеат да се толерираат “ рече Тренчевска.

Во дискусијата се вклучи со сопствени примери и дел од нејзиното искуство и претседателката на Здружение на лекари специјализанти, Александра Ѓорѓиева.

„Драги жени лекари прифатете ја раководната позиција која ви се нуди, говорете погласно на утрински состанок, наметнете го вашето професионално мислење околу третман на пациент, застанете позади своите убедувања, дојдете на ноќен повик. Сушината на потребата од вакво однесување е разликата на начинот на кој во основа размислуваат мажите и жените, покрај биолошките разлики постојат и научени однесување кои се врежени длабоко во нас. Во основа мажите го говорат јазикот на моќта и доминацијата и само преку таков тип на однесување тие се стекнуваат со почит кон својот соговорник. Се додека не дојде времето на Liberté, égalité, fraternité доминирајте го вашиот професионален простор, јас секогаш велам вистинска моќ е мека моќ а кој знае тоа подобро од една жена“ порача Ѓорѓиева.

Маргита Трифуновска во своето обраќање истакна дека жените во медицинските професии долго време се дискриминирани на различни начини. Истакна дека покрај зголемениот број на студентки по медицина, жените сè уште се недоволно застапени во лидерски улоги, до скоро време вклучително и началници на оддели и декани на медицинските факултети. Тие, исто така, се соочуваат со разлики во платите во споредба со нивните машки колеги, дури и кога се земаат предвид факторите како специјалност, искуство и продуктивност.

Како гости на дискусијата беа присутни вработени жени и мажи во здравство како и студенти.

Tags: дискриминацијадискусијаМТСПТренчевска
Next Post

Луксембург испраќа четиринаесет оклопни амбулантни возила во Украина

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk