Ѕвездата на хит серијата „Еуфорија“, Хантер Шафер никогаш не разочарува со својот изглед на црвениот тепих, а со своето уникатно издание на овогодинешните Оскари никого не остави рамнодушен.
Оваа 24-годишна трансродова актерка избра комбинација која ќе остане запаметена.
Имено, таа се осмели да се разголи и да ги покрие само најинтимните делови од градите со тенок бел пердув кој околу телото го држеше само тесна бела лента, а носеше и долго свилено здолниште. Актерката, која е позната по својот авангарден стил на облекување, самоуверено позираше пред камерите.
Во однос на шминката, Хантер се одлучи за природен изглед со минимална шминка, што придонесе за мистичниот впечаток што таа го остава, пишува Јутарњи.
Хантер ја започна својата кариера како модел, работејќи за познати брендови како Томи Хилфигер, Келвин Клајн и Тин Вог, кои ја вклучија во својата листа „21 под 21“ во 2017 година. Наскоро таа почна да глуми, добивајќи ја својата прва улога во хит серијата на HBO „Еуфорија“ во 2019 година.