Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС заедно со колеги градоначалници од Македонија и градоначалници од регионот присуствуваат на Конференцијата „Енергетска и климатска транзиција и заедничко планирање“ на ГИЗ во Истанбул, Република Турција во рамки на 18-тото Генерално Собрание на НАЛАС.
„Конференцијата претставува убава можност за споделување на искуства во имплементација на проекти финансирани од Европската Унија, имплементирање на нови практики и очекувања. Верувам дека ќе размениме позитивни практики и идеи што ќе бидат од голема корист за граѓаните на општина Куманово“, истакнува Димитриевски.