Денеска во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска ќе го пречека високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
По церемонијата за пречек, министерката Петровска и високиот претставник на ЕУ, Борел заедно со двете делегации ќе одржат средба.