Министерот за транспорт и врски Сугарески на својот Фејсбук профил објави дека интензитетот на работа на терен ќе продолжи со несмалено темпо. Единствена пречка за остварување на планираното може да бидат само временските услови, кои засега во поголем дел од територијата на државата каде што се изведуваат градежните работи се во наша корист.
Сугарески вели дека ќе продолжи реализацијата на 29-те проекти за изградба на водоводи и канализација, како и уште 30 планирани нови проекти за оваа година само за водовод и канализација:
Покрај реализација на голем број на проекти, ќе продолжи со 29-те проекти кои ги работиме за изградба на водоводи и канализации како и уште 30 нови проекти оваа година само за канализации и водоводи.
Министерот истакнува дека интензивно ќе се продолжи со гасификацијата и изградбата на социјални станови, а годинава веќе е започнато со голема реализација на изградба и санација на локални патишта и улици во сите општини.
„Со огромна посветеност исто како и досега, ќе продолжиме за реализација на сите проекти.“, вели Сугарески