Сме имале различни профили на министри за култура, но на дел од нив основната цел им била да го направат проектот „Скопје 2014“ за којшто се уште ги плаќаме фактурите и се уште се соочуваме со тужби, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостување во Канал 77.
Се уште има излив од буџетот на Министерството за култура, но и на ниво на Влада, заради тој фамозен проект. Јас бев пратеник кога гласавме нов заем за да ги платиме тие долгови. Со еврообврзниците се уште плаќаме стиропори и споменици. Тој проект е симбол како не треба да се вложува во културата, истакна Костадиновска Стојчевска.
Таа додаде дека одредени лица наплаќале и по 20 илјади евра хонорар.