Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сумираше впечатоците од вчерашната трка за Големата награда на Саудиска Арабија, каде што го освои второто место.
– Се разбира, генерално, сите во тимот се среќни, но лично јас не сум среќен. Затоа што не сум тука за да бидам втор, особено по целата работа што ја направив во подготовките. И тогаш имате трка како оваа, обидувајќи се да победите. Мислам, не сум против тоа, но кога се борите за шампионската титула и особено кога се чини дека борбата е само помеѓу два болида, мора да се погрижиме овие два болида да бидат сигурни, изјави Верстапен.
Холанѓанецот трката ја почна од 15 позиција и затоа во тимот на Ред Бул се задоволни од неговиот пласман.
По две трки Верстапен е лидер во поредокот со 44 бодови, пред тимскиот колега Серхио Перез кој заостанува еден бод.