ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ЈП „Колекторски систем“ годинава со 40 милиони денари ќе работи на санација и одржување на системот за заштита на Охридското Езеро

March 22, 2023 11:04
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Јавното претпријатие „Колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро по повод Светскиот ден на водите објави соопштение за сработеното изминатиот период и плановите за работа за во иднина.

Со средствата во износ од 4,2 милиони евра што на претпријатието во 2019 година му беа одделени од Владата запоќчна санацијата на колекторскиот систем изграден пред повече од четири децении.

„Од тогаш па се до денес претпријатието превзема голем број активности“, велат од претпријатието, притоа посочувајќи дека е спроведено снимање на цевководниот систем, негово чистење и вовлекување цевка во цевка по најнова ЦИПП метода без ископување…Решени се проблематични четири локации каде доаѓаше до излевање фекалии директно во Охридското Езеро, а репарирани се и 20 комплети полжни пумпи и ставање во макимален капацитет на сите препумпни станици.

Спроведено било и чистење на секундарна канализација и тоа осум километри во Охрид и шест километри во Струга, потоа чистење на собирни базени на препумпни станици – промена на нови потопни пумпи со сопствени секачи на три препумпни места со што, како што се посочува, е намален проблемот на затнување на пумпите со непрописно одлагани влажни марамици низ системот.

Дополнително извршено е снимање и чистење на цевководите, поставување фрекфентна регулација и автоматика на пет препумпни станици (со режим на работа според нивото на отпадна вода), како и санација на пречистителна станица и ставање во функција на скоро 90 проценти од нејзиниот капацитет.

Инаку, оваа година претпријатието од Владата доби нови 40 милиони денари за продолжување со санацијата и унапредување на ефикасноста на Колекторскиот систем Охрид – Струга. Предвидено е да се работи на решавање на проблемот кај реката Грашница, прем,инот преку реката Црн Дрим и продолжување на репарација на цевководите со вовлкување.

Од Јавното претпријатие „Колекторски систем“ истакнуваат дека ќе продолжи грижата за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води, со цел избегнување на сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини во неговото опкружување.

Истовремено по повод Светскиот ден на водите упатуваат порака за подигнување на еколошката свест кај народот и зачувување на чистотата на природата и водите.

Tags: ЈП „Колекторски систем“Охридско езеро
Next Post

„Ураганот“ Ахмети ќе ги оддува „Огнените“

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk