ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ и САД бараат спроведување на договорот, косовските социјалдемократи продолжуваат со акции против решението на Курти – фрлија торта и милкшејк врз заменикот премиер Бислими

March 22, 2023 11:31
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН

ЕУ и САД бараат од Србија и Косово да ги исполнат обврските што произлегуваат од договорот за нормализација на односите помеѓу двете земји, воедно и го потсетуваат српскиот претседател дека иако не е потпишан, договорот е обврзувачки. Во Косово не престануваат негодувањата и критиките кон Курти и неговата влада за прифаќање на Заедницата, активисти на Социјалдемократската партија вчера фрлија милкшејк и торта врз заменикот премиер, Бесник Бислими.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Албеу – Борел и Ескобар ставија точка на „играта“ на Вучиќ: Договорот за Косово е обврзувачки и без негов потпис

„Не помина ниту една  недела од средбата во Охрид, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обиде да ја убеди јавноста дека Анексот на договорот со Косово не е обврзувачки, бидејќи не го потпишал. Но, со иста брзина пристигнаа деманти од Европската Унија и САД, чии претставници велат дека договорот е важечки.

„Договорот не беше потпишан од правни причини, но двете страни се согласија дека мојата изјава (по состанокот во Охрид) претставува за двете страни  целосно да се посветат на обврските што произлегуваат од овој договор и неговата имплементација“, рече Борел по состанокот на Министрите за надворешни работи на ЕУ.“, пренесе Албеу.

РТК: ЕУ-САД бараат спроведување на договорот

„Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека спроведувањето на договорот меѓу Косово и Србија ќе го надгледува комисија составена од двете земји и од Европската унија. Тоа е правно обврзувачко.

Борел ги информираше шефовите на дипломатиите на ЕУ за Охридскиот договор што меѓу Косово и Србија беше постигнат на 18 март. Според Борел, ова е големо достигнување и, како што рече, „нема повеќе да бидеме во состојба на криза, туку во спроведувањето на договорите што претходно беа постигнати на 27 февруари во Брисел“.“, пренесе косовската РТК.

РТВ21: ПСД фрли „милкшејк“ и торта врз косовскиот заменик премиер

„Активисти на Социјалдемократската партија (ПСД) фрлаа торта  и „милкшејк“ кон вицепремиерот Бесник Бислими во вторникот на влезот од зградата на Владата.

Торта и милкшејк за „Заедницата’“, напишаа покрај видеото, алудирајќи на Охридскиот договор со кој ПСД вели дека е прифатено „основањето на Заедницата“.“, пренесе РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Балканвеб: Извештајот на Стејт департментот за рушењето на одморалиштето „Престиж “во извештајот е шокантен

„Извештајот на Стејт департментот  за уривањата со тритол, конфискациите со владини одлуки и слободата на медиумите во Албанија, ја потврдува драматичната слабост на владеењето на правото во Албанија!

Надвор од секакво сомневање, извештајот на Стејт департментот потврди од целиот континент дека она што се случи во Албанија на крајот на минатата година беше драматично.“, пренесе Балканвеб.

Газета Шќип: Политички „пинг-понг“/ Бериша тужи во Апелација, бара разрешување на Алибеај од претседател на ДП

„Групата на Бериша го обжали барањето и побара отпишување на Енкелејд Алибеај како команден претседател на Демократската партија. Во просториите на Управниот Апелационен суд денеска ќе се фрла ждрепката за утврдување на судискиот совет за судењето на тужбата. Ждрепката се очекува да се одржи во 14:15 часот.“, пренесе Газета Шќип.

КОЛУМНА

ИНА: Договорот потпишан во Скопје меѓу Косово и Србија ја подигна тензијата во Москва

„Договорот потпишан во Скопје меѓу Косово и Србија ја подигна тензијата во Москва. Но и во Тирана, до високата државна корупција и на поранешните министри и премиери. Вучиќ нема друг пат. “, извадок од колумната „ Договорот потпишан во Скопје меѓу Косово и Србија ја подигна тензијата во Москва“, од авторот Спартак Нѓела, објавена во дневникот ИНА.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиуми
Next Post

САД и нудат на Словачка американски хеликоптери откако Братислава ги испрати своите борбени авиони во Украина

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk