Полициски службеници од струмичкиот Сектор за внатрешни работи вчера го привеле A.С.(43) од Струмица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени опиум, екстази и амфетамин.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.