Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на својот Твитер профил се заблагодари на неговата Исландска колешка, Тордис Колбурн за признавањето на Хлодоморот како геноцид.
Длабоко сум му благодарен на Исланд што го призна Холодомор од 1932-1933 година како геноцид со едногласното гласање на Алтинги. Вистинската солидарност и почит на Исланд кон милионите жртви на Холодомор секогаш ќе ги негува украинскиот народ, напиша Кулеба на Твитер.
Thank you, @ThordisKolbrun! I am deeply grateful to Iceland for recognising the 1932-1933 Holodomor as genocide in a unanimous vote of Althingi. Iceland’s genuine solidarity and respect towards the millions of Holodomor victims will always be cherished by the Ukrainian people. https://t.co/EgxpDTM7Qc
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 23, 2023
Предходно, Колбрун Твитна дека во ноември го посетила споменикот на Холодомор во Киев.
Тоа беше срцепарателен потсетник на едно страшно злосторство.Денес, Алтинги го призна вештачкиот глад од зимата 1932-1933 година како геноцид извршен од тоталитарната влада во Москва врз народот на Украина, напиша Колбурн.
Цивил веќе подолго време упатува препораки до Парламентот и Владата да го прогласат Хлодоморот за геноцид.
Подготви: Д. Мишев