ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во петок Марш за видливост на трансродовите лица

March 27, 2023 11:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, во рамките на кампањата за одбележување на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица ќе одржи Марш за видливост на трансродовите лица, што ќе се одржи во петок на 31 март во 16 часот, со почеток пред Владата на Република Северна Македонија.

TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува по 5 (петти) пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

Како и сите претходни години, и оваа година децидно и недвосмислено бараме Законот за правно признавање на родот да биде конечно ставен во Собраниска процедура со што пратениците ќе ја добијат можноста да гласаат онака како што ветуваа пред да бидат избрани и онака како што Европскиот суд за човекови права и наложи на оваа Влада како обврска. За политичките субјекти можеби ова е интригантна политичка игра и собирање поени, меѓутоа Ве уверуваме дека за трансродовата заедница ова е единствен начин да започне да ги остварува и ужива своите најелементарни човекови права.

На 31-ви март гласно ја испраќаме пораката „И мојот идентитет постои” со што се обидуваме да ја зголемиме видливоста на трансродовите луѓе, која е од клучно значење за овие процеси со цел да се обезбеди адекватно правно и социјално интегрирање на овие лица во едно демократско и цивилизирано општество за кое Република Северна Македонија барем декларативно се залага.

Меѓународен ден на видливост на трансродовите е годишен настан што се случува на 31 март, ден на кој се слават трансродовите луѓе и е посветен на подигање на свеста за дискриминацијата со која се соочуваат трансродовите лица ширум светот.

Празникот беше основан од американската транссексуална активистка Рејчел Крндалд од Мичиген во 2009 година како реакција на недостатокот на ЛГБТ празници кои ги слават трансродовите луѓе, цитирајќи ја фрустрацијата дека единствен познат празник на трансродовите лица е Денот на сеќавање на убиените трансродови лица, но не ги призна и слави живите членови на трансродовата заедница. Првиот Меѓународен ден на видливост на трансродовите лица се одржа на 31 март 2009 година.

Tags: маршТрансформа
Next Post

Судењето против Латас и Лазаров се одложи за 10 мај

Shortcut

Најново

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност нема

July 27, 2026
Џабир Дерала

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk