ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

ДФРМ го подготвува 5. издание на „Златна рамка“ кое ќе се одржи од 20 до 23 април

March 28, 2023 11:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) и во текот на оваа година планира да организира и спроведе различни настани и програми со цел да ја промовира македонската кинематографија, да обезбеди континуиран развој на филмската дејност, како и да овозможи стимулирање и унапредување на филмската професија и промоција на филмската уметност и култура.

Како иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм, ДФРМ годинава го подготвува јубилејното петто издание на манифестацијата, кое ќе се одржи од 20 до 23 април. „Златна рамка“ е единствена можност на едно место да се погледнат сите остварувања на домашната кинематографија од една календарска година.

Манифестацијата произлегува од потребата да се негува долгогодишната традиција на нашата кинематографија, која во континуитет произведува и врвни дела кои се дел од ревијалните или натпреварувачките селекции на најголемите светски филмски фестивали, но овие филмови често остануваат тешко достапни за домашната публика, понекогаш дури и за критиката. „Златна рамка“ веќе четири години успешно ја промовира нашата актуелна кинематографија и претставува единствен настан посветен на македонскиот филм, во услови кога дури и постоечките домашни фестивали немаат макар придружна специјализирана програма во која ќе бидат опфатени новите наслови, а значен дел од нив не успеваат да бидат поставени на редовниот репертоар на кината кои работат комерцијално.

„Токму годинава се одбележува еден мини јубилеј од пет години и со големо задоволство може да констатираме дека „Златна рамка“ ги исполни очекувањата кои беа забележани во иницијативата за нејзиното отпочнување. Транспарентното прикажување на годишната продукција го подобрува квалитетот на проектите од година во година, нашата кинематографија предизвикува интерес кај домашната публика, медиумите покажуваат интерес за македонскиот филм, а филмските професионалци имаат можност да ги стават во фокус прашањата кои ги засегаат и да ги афирмираат своите остварувања со подеднаков третман на сите што се вклучени во филмските екипи. Ваков ревијален приказ претставува и своевиден отчет, што и` го должиме на публиката и критиката, која на едно место може да добие целосна слика за сработеното во македонскиот филм во една тековна година“, велат од ДФРМ.

Во рамките на „Златна рамка“, на 20. април ќе се одржи и Годишното Собрание на друштвото, на кое што оваа година ќе се изврши избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот „Браќа Манаки“, кој почнувајќи од 1979 година е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година, во месец септември е планирано да се одржи 44. издание на „Браќа Манаки“.

Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено и за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”. ДФРМ е единствената македонска овластена институција, препознаена од Американската Академија за подвижни слики, за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата. Годинава, изборот на македонски кандидат за Оскар ќе се одржи во октомври, при што ќе се формира комисија од филмаџии за коишто ќе бидат организирани затворени проекции за филмовите-кандидати, по што членовите на комисијата ќе ги прегледаат филмовите и потоа ќе се состанат за одлучување. Минатата година, за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ беше избран „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска.

ДФРМ продолжува и со активно учество во креирање на легислативата која се однесува на филм и аудио-визуелна дејност, со заложба за изготвување на нов закон за филмска дејност, според современите текови и стандарди и во корист на филмската фела и публиката. Друштвото на филмски работници се залага и за решавање на авторските права и статусот на филмските работници по модел на некои европски држави, процес кој е во тек, како и за конечно решавање на пензиско-инвалидското осигурување на сите неавторски позиции во филмот.

Tags: „Златна рамка“ДФРМ
Next Post

Украина: Русија го нападна Кијив со дронови, соборени сите беспилотни летала

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk