ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДЗР: Отсуство на поделба на надлежностите на вработените во ПИОМ поради недостиг на кадар

March 28, 2023 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Отсуство на поделбата на надлежностите и одговорностите на вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување поради недостиг на кадар, слабости во чувањето и архивирањето на податоците во матичната евиденција и слабости при реализацијата на дел од јавните набавки, констатирал Државниот завод за ревизија.

При извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, ревизијата покажала дека поради отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените и поради тоа што внатрешните контроли не секогаш го покриваат ризикот од комплетност на документацијата во електронското пензиско досие, постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од пензиското и инвалидско осигурување.

– Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесот поради недостиг на вработени, а воспоставените внатрешни контроли не секогаш го покриваат ризикот од комплетност на документацијата во електронското пензиско досие, точност и навременост во постапката. Поради наведеното постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право, се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорот препорачува воспоставување на целосна поделба на надлежностите и одговорностите во рамки на сите активности кои се во надлежност на Фондот, обезбедување комплетност на документацијата во електронските пензиски досиеја за остварување на правата од ПИО и усвојување на изработените процедури и нивна примена во тековното работење на сите филијали на Фондот.

Ревизијата утврдила и дека слабостите во чувањето и архивирањето на податоците во матичната евиденција го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО.

Поради недобиени соодветни податоци за вработување и регистрација на обврзниците, како и грешки при внесот од страна на други институции, посочуваат од Државниот завод за ревизија, на уплатната сметка наменета за прибирање средства од наплатен придонес за ПИО има нераспоредени средства кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО.

Ревизијата констатирала и дека системот на внатрешни контроли во процесот на остварување на правата од ПИО и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури од кои дел не се ажурирани целосно согласно на електронскиот систем кој е во примена.

Во однос на спроведувањето на дадените препораки за 2020 година, констатирано е дека од вкупно 18 препораки спроведена е една препорака, во тек на спроведување се три препораки, статус на делумно спроведени се три препораки и 11 препораки не се спроведени.

Ревизијата е извршена во периодот од 18.07.2021 до 11.11.2021 година.

Tags: вработениДЗРПИОМ
Next Post

Возрасна жена го пресретна Ковачевски во маркет: „Цените се до плафон, со два денара макарони и јајца еден денар на 99 денари сега ги замрзнавте“

НАЈНОВО

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

Kалас: Автократскиот сојуз бара скратен пат до нов светски поредок

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk