ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Царовска: Социјалната реформа обезбеди подобар живот на 300 илјади семејства, обезбедуваме дом за секое дете

(ВИДЕО) Конечно и проблемот на стечајците е решен, потенцираше Царовска

October 5, 2019 15:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter
Штип е центар на текстилната индустрија и затоа особено сум горда што токму тука голем број на шивачки конфекционерки и работнички во текстилниот сектор повеќе не земаат мининимална плата пониска од законскиот минимум, туку денес таа е иста како и во сите сектори и изнесува 12.507 денари. Благодарение на ова решение, 50.000 работници од трудово интензивните индустрии добиваат плати повисоки за околу 4.000 денари месечно“, истакна потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска на караванот трибини „На прав пат’ кој започна во Штип.

Таа зборуваше за мерките  на кои досега посветено работеше Владата предводена од СДСМ  заедно со Министерството за труд и социјала , со цел да се обезбеди фер и праведно општетство, подобро место за живеење на сите граѓани.

„Конечно проблемот со стечајците е решен, тој е минато. Успеавме да заштитиме  11 илјади стечајни работници, а со последните измени опфатот ќе порасне за 1.000 лица со што вкупно 12.000 стечајни работници ќе бидат материјално обезбедени и до пензионирањето ќе примаат надомест од 8 илјади денари. Просечната пензија порасна за околу 800 денари, а не само тоа туку и обезбедивме сигурна пензија со стабилизирање на пензискиот фонд“, истакна Царовска.

Таа посочи дека воведувањето на социјалната реформа  обезбеди 300 илјади семејства кои живееја на работ на егзистенција, денес да имаат пристоен живот.

Да, социјалната реформа е на прав пат.-рече Царовска. 20 илјади деца денес добиваат детски додаток, а осум илјади образовен. Работиме посветено на извлекување на децата од детската сиромаштија ,затоа што со тоа директно влијаеме тие во иднина да основаат стабилни семејства со пристоен живот“, рече  Царовска.

Таа истакна дека градењето на нови градинки со цел секое дете да има можност да посетува градинка каде и да живее, зголемувањето на платите на вработените во истите  е она во што се вложуваше периодов но ќе продолжи и во иднина.

Покрај градинките посветено се работеше и на градењето на групни домови, секое дете да биде згрижено, со 24 часовна грижа од стручни работници и негователки, потенцираше министерката Царовска.

Next Post

Заев очекува до 15 октомври обвинителен акт за случајот „Рекет“

Discussion about this post

Најново

Трајчулески: ВМРО сега ретерира за уставноста на законот за државјанства, дали сфатија дека министри ќе останат без мандат?

April 24, 2026

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

April 24, 2026

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав

April 24, 2026
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

МВР со детали за апсењето на поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

April 24, 2026

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk