ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лога: Не смееме да дозволиме да се изгуби довербата во правосудството, Обвинителите мора да постапуваат независно и самостојно

March 28, 2023 13:58
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Време е да се врати довербата во правосудството а јавните обвинители при спроведувањето на постапките и носењето на одлуките да постапуваат самостојно и независносно. Министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Конференцијата,,Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавното обвинителство” рече дека без видливост на работата и постигнатите резултати, без мерливи и квалитетни споредбени податоци кои се собираат и обработуваат, исто како во земјите членки на Советот на Европа и Европската унија, правдата ќе остане слепа и нема, а граѓаните нема да ја добијат уставно загарантираната заштита.

„Идните процеси на дигитализација, на отвореност и транспарентност за Јавното обвинителство се услов тоа да опстои. Во изминатиот период, иако со посредство и помош на нашите пријатели од меѓународната заедница беа организирани голем број обуки на луѓето од правосудството во земјата, а особено на судиите и јавните обвинители, отсуствува покривање на можеби најзначајниот дел од нивната работа а тоа е начинот на спроведување или имплементацијата на нивната независност и самостојност особено при спроведувањето на постапките и донесувањето на одлуките. Затоа , ве повикувам во иднина при спроведувањето на обуките да се стави акцент на самостојното, законитото непристрасното и објективното вршење на јавнообвинителската функција. Време е да тргнеме напред и да го поправиме угледот и кај домашната и кај меѓународната јавност и институциите“ ,рече Лога.

Лога информираше дека од 1 јануари годинава, Министерството за правда даде насоки задолжително да се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства.Тоа ќе претставува алатка во извршувањето на основните задачи на Јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување на информации, следење и архивирање на предметите како и увид во нив во секој момент. Со него се обезбедува непрекинат проток на податоци а основната цел е автоматизирање на процесите преку дигитализација и чување на документацијата обезбедувајќи висок степен на безбедност.

Tags: граѓанидовербаЛогаправдаПравосудство
Next Post

Литванија ќе префрли модуларен град за 36 семејства во Украина

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk