ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нацевска: Визијата за платните системи ја наоѓаме во европската практика

March 31, 2023 09:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

„Примената на новите иновативни технолошки решенија во плаќањата веќе подолго време е присутна во светот, а со пандемијата зеде уште поголем замав. Во Европската Унија таа беше дополнително поттикната со поставувањето на единствениот европски пазар. Со нашата определба за членство во ЕУ, визијата за модернизација на плаќањата и нивно поефикасно извршување во земјата, а понатаму, и полесно приклучување кон европскиот пазар, ја согледавме преку транспонирањето на европските регулативи и директиви во домашното законодавство, односно со донесувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и поголем број (26) подзаконски акти за негова практична имплементација”, објаснува вицегувернерката Емилија Нацевска во гостувањето во емисијата „Агенда 35″ на МТВ.

Вицегувернерката посочува дека една од новините коишто ги предвидува Законот е тоа што овозможува, покрај банките, плаќањата да ги вршат нови даватели на платежни услуги, коишто ќе бидат насочени кон давање платежни услуги за компаниите и за граѓаните. Светската практика покажува дека тие главно се од доменот на финтек-секторот, односно ги користат најновите технолошки достигнувања за да им овозможат полесни, побрзи и поефикасни платежни услуги на граѓаните и на компаниите. Поголемата конкуренција, пак, ќе ги поттикне и банките да ги унапредат сопствените решенија за извршување на плаќањата и да ја подобрат понудата на пазарот, што секако ќе влијае за намалување на трошоците, како и за зголемување и подобрување на услугите од оваа област.

Осврнувајќи се на другите погодности коишто ги нуди Законот за платежни услуги и платни системи, вицегувернерката Нацевска ја истакна заштитата на потрошувачите којашто ќе се постигне преку транспарентноста. Со Законот за платежни услуги и платни системи се воведува обврска за банките и за давателите на платежни услуги да склучат рамковен договор со корисниците на услугите, а пред тоа, корисниците ќе треба да се информираат за надоместоците на платежните услуги. Рамковниот договор ќе биде пропишан во една стандардизирана форма, на прегледен и јасен начин, со сите информации врзани за правата и обврските на корисниците. Давателот на платежни услуги ќе има обврска редовно да доставува извештаи за наплатените надоместоци. Исто така, за најрепрезентативните, односно најчесто користените платежни услуги, банките и другите даватели на платежни услуги ќе бидат обврзани да доставуваат податоци до Народната банка, коишто на споредбена основа, за секој давател поединечно, ќе бидат објавувани на интернет-страницата на Народната банка. На тој начин се обезбедуваат брзи и лесно достапни информации за корисниците на платежните услуги, при изборот на давателот на конкретната платежна услуга.

Од аспект на погодностите, со Законот за платежни услуги и платни системи се воведува и сметка со основни функции, која овозможува неограничен број трансакции на внесување и повлекување готовина и плаќања со дебитна картичка, како и најмалку пет плаќања кон други корисници во истата банка и одржување на сметката, за месечен надоместок до 1% од просекот од последните исплатени 12 просечни плати во земјава (31 денар согласно последните податоци). Ранливите категории население нема да плаќаат надоместок за оваа сметка. Граѓаните можат да ја користат сметката со основни функции само во рамките на своите расположливи средства, односно не можат да навлегуваат во т.н. минусно салдо, коешто имаат навика да го користат. Оттаму, за да ја отворат сметката со основни функции граѓаните треба да ги регулираат своите обврски кон банката, користејќи ги другите кредитни производи на банките, а во доменот на плаќањата, една од можностите е користењето на кредитните платежни картички.

_______

Tags: НацевскаНБ
Next Post

Межевикин: Битката за Бахмут може да стане пресвртница во војната

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk