Долгочекуваниот втор албум на македонскиот продуцент на електронска музика – Кеско, ќе биде издаден на 7. април со концертна промоција во Младинскиот културен центар во Скопје.
Албумот го покажува уникатниот начин на кој Кеско ги поврзува електронската, експерименталната, брекбит и драм ен беис музиката.
Голема инсипирација се великаните како The Prodigy, Chemical brothers, транс и техно музиката.
Настапот ке биде во живо и ќе биде исполнет со талентиран тим на уметници од повеќе сфери. Поддршка со свој DJ сет има од DJ Flooder и младиот продуцент Kronom. Светлата и визуелниот дел од шоуто се препуштени на Мутер и артистот artist3dx кој изведува посебни инсталации за настапот во живо.
Младата умтеничка Тања Кеско ќе заземе дел од визеулното шоу со нејзините уметнички дела. Се очекува целосно мултимедијално патување на кое ќе треба да се препуштат присутните.
Вратите се отвараат во 22:22 часот, а настанот започнува во 23 часот.
Влезниците може да се набават во билетарата на МКЦ или на нивиот веб сајт.