Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја посетат Кина од 5 до 7 април, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Од Министерството посочија дека кинескиот претседател Си Џинпинг планира да разговара со Макрон за билатералните односи, продлабочувањето на соработката и важните светски прашања. Европската комисија соопшти дека Фон дер Лајен ќе се сретне со Макрон на работен ручек утре, пред да отпатуваат заедно во посета на Кина.
Главниот портпарол на Комисијата, Ерик Мамер, денеска на Твитер напиша дека Фон дер Лајен и Макрон ќе разговараат за војната во Украина, енергетскиот сектор, како и за подготовките за посетата на Кина, вклучително и нивната заедничка средба со кинескиот претседател.