Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба денеска го лишиле од слобода Ф.С.(27) од скопско Синѓелиќ.
Тој се сомничи дека на 30.01.2023 во казино на ул.„Жан Жорес“ со закана со оружје извршил разбојништво, при што одзел пари. Како што информираа од МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







