„Министре Спасовски. Конечно моравме ние во Битола да го избришеме името на фашистот бугарски кој направи омраза на нашиот народ македонски со бугарскиот народ. Се надевам нема да понатаму да дозволите крвнички имиња“.
Ова на социјалната мрежа Фејсбук го објави Стефан Горгиевски, кој на социјалната мрежа се пофали со фотографија дека вчера околу 11 часот со црн спреј го покрил името.
Бугарската БТВ објави пак фотографии од безбедносните камери на објектот на кои се гледа како Горгиевски со спреј го покрива името.