ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Екипата на „Медена земја“: Не треба да има разочарување што не добивме Оскар, успехот веќе е постигнат

Котевска вели дека успехот со „Медена земја“ веќе е постигнат, а тоа го докажуваат двете номинации за Оскар, нешто што според неа, нема да се повтори во скоро време и тоа треба да се запамети.

February 11, 2020 12:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Не треба да има разочарување за тоа што не добивме Оскар. Срамота е да има разочарување, нас секој ден ни се случуваа Оскари. Најважното, сепак, беше тоа што Атиџе беше тука. Таа беше главната ѕвезда, истакна еден од режисерите на документарниот филм „Медена земја“, Тамара Котевска, во одговор на новинарските прашања на денешната „онлајн“ прес-конференција од Холивуд.

Котевска вели дека успехот со „Медена земја“ веќе е постигнат, а тоа го докажуваат двете номинации за Оскар, нешто што според неа, нема да се повтори во скоро време и тоа треба да се запамети.

-Вчера беше еден прекрасен настан што вреди да се доживее во животот. Мислам дека најбитното вчера беше за Атиџе што беше таму присутна. Ние со филмот нашето го направивме и сметаме дека успехот е постигнат, појасни Котевска додавајќи дека има разлика кога се прави филм за реални ликови и поминуваш со нив четири години, и кога имаш измислени ликови.

Кога се работи со реални ликови, режисерката рече дека одговорноста е многу поголема затоа што овие ликови не си заминуваат од твојот живот, тука остануваат.

-Едноставно, сите документаристи кои ги видовме годинава, а што немавме можност да ги запознаеме, поминале низ такви животни ситуации со тие филмови што не им дозволуваат да постапат поинаку освен со солидарност до колегите кои поминале низ истото. Имаше еден преубав момент што се случи пред да ги најават номинациите. Седевме сите заедно од номинираните документарци, сите станаа се гушнаа и се договоривме доколку победи некој од нашите филмови, сите номинирани документаристи да излезат на сцена. Но, поради организација на оскарите тоа не беше возможно. Сепак, имаше едно најискрена намера тука, и тоа е најубавото чувство за таква колегијалност, додаде Котевска.

Режисерот Љубомир Стефанов на денешната олајн прес-конференција што овинарите ја следеа во МКЦ, истакна дека филмот „Медена земја“ е направен на крајно ентузијастична основа и како што рече, горд е што со еден потфат, без скапи опреми, но со добра идеја и ентузијазам добиле две номинации за Оскар.

– По ова патешествие од пет години, кое искрено не измори, јас лично едвај чекам да почнам да работам на нов проект. Подготвувам нешто, и секако дека овие номинации носат олеснување за понатамошно наоѓање на финансии, наоѓање копродуценти, но мислам дека најважно е домашното да се подготви и од мојата страна за да можам да го понудам. Веројатно имаме повеќе можности сега, рече Стефанов во одговор на прашањето кои се нивните идни планови.

 

Според продуцентот Атанас Георгиев, филмот произлегува од индивидуалци, а пренесува универзална порака и таа порака се пренесува низ цел свет, истакнувајќи дека ја смениле историјата и начинот на гласање на целата Академија и документаристиката од сега натаму ќе се гледа поинаку.

Прашан за мислење зошто токму „Американската фабрика“ освои Оскар, тој појасни дека станува збор за квалитетен филм зад кој стои „Нетфликс“.

-„Американска фабрика“ е одличен филм, има свои квалитети, си има своја исклучителна приказна, за целиот свет исто така, но тоа е исто како едно пиле да се бори со мечка. Сепак, зад тој филм стои „Нетфликс“. Колку и членови да брои Академијата и сите сакаат да гласаат објективно, сепак, најголем број на членови се Американци. Тогаш победува националниот момент. Не треба да истражуваме, за да знаеме дека поголем дел на електоратот заради темата на филмот, односно Америка, влијаеше да го изгаласаат тој филм. Јас сум сепак сигурен сум дека ние бевме многу блиску до нив, рече Георгиев.

Во однос на документарецот „Американска фабрика“, Тамара додаде дека станува збор за страсни документаристи, и според неа, Оскарот им е повеќе поради нивните досегашни дела отколку конкретно поради овој филм.

-Не треба да се завлегува во теории на заговор, дека ете Америка е против светот, бидејќи конкретно тие режисери имаат направено многу позади себе. Ова им е веќе четврта номинација, тие се многу страсни документаристи, Оскарот им е повеќе поради нивните досегашни дела отколку конкретно поради овој филм. Тоа е многу битно да се знае, бидејќи политиката на оскарите е многу сменета, никогаш не се случило до сега четири филма да бидат надвор од Америка, и не би било фер да се зборува дека ние сме жртви или дека не е фер. Тие двајца документаристи си го кажаа своето и има што да се научи од нив. Тоа е примерот што треба да се земе, додаде Тамара.

Еден од кинематограферите на „Медена земја“, Самир Љума, рече дека „Медена земја“ му го променила животот, и како што рече, се надева дека нема да поминат 25 години за повторно некој од нив да направи нов филм за кој ќе знаат сите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk