Во своето секојдневно обраќање до нацијата на 8 април, Зеленски рече дека Украина исто така очекува Полска да испорача борбени авиони МиГ-29, самоодни минофрлачи и дополнителни проектили наскоро, пренесува украинскиот сервис на РСЕ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше минатата недела во посета на Полска, каде се сретна со претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки.
Полска е клучна во мобилизирањето на западната воена и политичка поддршка за нејзиниот источен сосед од почетокот на руската инвазија пред повеќе од една година.
Варшава ѝ обезбеди на Украина и директна воена помош, вклучително и борбени авиони МиГ-29, од кои некои пристигнаа во Украина во вторникот. Полска, исто така, е домаќин на околу еден милион украински бегалци.
Извор: РСЕ