ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Нова сензорна соба според потребите на граѓаните на Општина Прилеп

April 12, 2023 11:25
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевкса денеска заедно со директорот на Центарот за социјална работа во Општина Прилеп, Дејан Тошески ја отворија сензорната соба која е во склоп на дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост „Ѕуница”- Прилеп.

Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост овозможува поддршка на згрижувачките и биолошките семејства во грижата на нивните деца со цел развивање на својот целосен потенцијал во нивната грижа. Од почетокот на 2023 година во дневниот центар се вклучени 12 корисници со тешка и умерена интелектуална попреченост и лица со аутизам.

„Отворањето на сензорна соба во Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост „Ѕуница” во Прилеп означува чекор поблиску до поквалитетен живот на лицата со попреченост во општината. Сензорни соби се отвораат на целата територија на државата, придобивките кои ги добиваат корисниците од нив се несомнени. Навистина ми е драго што се повеќе лица со попреченост добиваат квалитетни третмани во центрите креирани според нивните потреби” истакна Тренчевска на отворањето на сензорната соба.

Сензорната соба ќе ја користат лицата кои се корисници во Дневниот центар „Ѕуница”. Предвидено е да бидат вклучени и деца со аутизам од градинки и основни училишта кои немаат сензорна соби во нивните објекти. Престојот на лицата кои не се дел од дневниот центар ќе биде два до три часа во текот на неделата по претходно одреден термин и датум.

„Принципот на недискриминација, почитување на правото на достоинствен живот, градење на самодоверба и активно вклучување во заедницата се основните темели на нашата работа со децата со попреченост. Исто како и принципот на обезбедување семејна поддршка, подигнување на јавната свест и надминување на предрасудите кои постојат во однос на оваа ранлива група на деца” рече директорот Тошески.

Просторијата е опремена со сензорна туба со меурчиња со диск, интерактивна монтесори табла, татами подлога, диско топка, базен со топчиња, огледало, рипстоли, разни стимулативни светлосни, конструктивни и други играчки.

Tags: Сензорна собаТренчевска
Next Post

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го решаваше спорот со името и никогаш не го решија, истото го прават и сега

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk