ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новиот формат во Формула 1 за викенд со спринт и две квалификации дебитира на ГН на Азербејџан

April 26, 2023 09:28
in ДЕНЕС, СПОРТ

Формула 1 на својата веб-страница објави дека првиот викенд со спринт и две квалификациски сесии ќе се одржи претстојниот викенд, од 28 до 30 април, на трката за ГН на Азербејџан.

Според новиот формат, в петок ќе се одржат првиот тренинг и квалификациите за Големата награда, в сабота – квалификациите за спринт и спринтот, а в недела – трката. Квалификациите за трката ќе се одржат во традиционален формат.

Спринт квалификациите ќе се состојат од три кратки сегменти од 12, 10 и 8 минути. Во текот на секој од сегментите, пилотите ќе можат да користат по еден сет на специфичен тип на гума: „средна“ во првиот и вториот дел и „мека“ во третиот. По првиот и вториот сегмент, последните пет болиди се елиминирани од конкуренцијата, исто како и во редовниот формат.

Квалификациите во петок ќе го одредат стартниот поредок за главната трка во недела. Саботните квалификации и спринтот нема да влијаат на стартниот редослед на главната трка.

Распределбата на бодовите за спринтот ќе остане иста – од осум бода за првото место до еден за осмото во личниот и екипниот пласман.

Годинава спринтерски викенди со две квалификации ќе има и на Гран при во Австрија, Белгија, Катар, САД и Сао Паоло.

Tags: нов форматФ1
Next Post

СДСМ: Граѓаните на Лисиче против изградба на 9 нови згради, Муцунски го турка спорниот ДУП

НАЈНОВО

Фото: Томислав Георгиев

(ВИДЕО) „Балканкан“ прослави 20 години со проекција под отворено небо, режисерот Митревски со видео порака од Малибу

August 21, 2025

Дел од крило на авион „Боинг 737“ на компанијата „Делта ерлајнс“ се откинал во текот на лет во САД

August 21, 2025

Сурова реалност во Србија: Полициска бруталност, закани кон оние што одат на протести, селективни апсења

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk