ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Исплатени рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

April 27, 2023 11:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

„Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун. Ветивме дека во месец април ќе биде реализирана исплатата и еве денес тутунарите своите заслужени средства може да ги очекуваат на своите сметки. Ова е историска и рекордна исплата!“, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година.

„Минатата година испишавме историја и по цена и по количина и по период на откуп. За прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година. Сведоци сме сите дека како никогаш до сега имавме година во која откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок. Имавме година со добар квалитет на тутунот што допринесе дури 80% од тутунот да биде откупен во прва класа, што претставува уште еден историски успех за производителите на тутун. Вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигна 6 милијарди денари и во целост е исплатен од страна на откупните претпријатија“, вели тој.

Тутунот во реколтата 2022 година е засаден на површина од 13.237 хектари, што претставува зголемување на површините за 11%, односно нови 1.453 хектари. Тоа допринесе и за зголемување на договорното производство на тутун за околу 8%, односно нови 1.780 договори или вкупно 29.429 склучени договори за 2022 година.

Преку денешната исплата на субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година ја заокружуваме успешната година. Сите овие податоци говорат дека политките и мерките кои министерството заедно со земјоделците ги креира даваат резултат. Дека земјоделците не се откажуваат, туку уште повеќе вложуваат во земјоделието, додаде тој.

Tags: Николовскисубвенциитутун
Next Post

Време е бугарските власти да ги почитуваат одлуките на ЕСЧП, порача Каевски од Стразбур (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk